Почеток: Објаснување на функциите на видеокамерата

Со дигиталната видеокамера може да правите сопствени филмови, да документирате важни настани како првите чекори на бебето и да создавате трајни сеќавања од секој одмор.

Но за да ја изберете соодветната камера и да го извлечете најдоброто од неа, треба да ги разберете нејзините функции. Во овој водич се објаснети главните идеи.

  • Избирање на соодветната резолуција
  • Дигитален или оптички зум?
  • Објаснување на форматите на компресија во HD
  • Опции за снимање и складирање на филмовите
  • Пуштање филмови на телевизор
  • Други важни функции при бирањето камера

Избирање на соодветната резолуција

Различни видеокамери можат да снимаат со различен квалитет или резолуција.

Она што ја одредува резолуцијата на сликата е бројот на хоризонтални линии. Повеќето линии означуваат појасна слика. На пример, Full HD има 1080 хоризонтални линии.

Стандардна дефиниција (SD): SD нуди 720 x 576 пиксели и поверојатно е да ја има кај поевтините камери. Кај стандардната дефиниција недостасуваат јасноста и деталите на HD.

Висока дефиниција (HD): Видеокамерите со Full HD нудат подобра слика во споредба со моделите со SD. Full HD е стандардот за сегашните модели на телевизори, каде што многу канали и програми се пренесуваат во висока дефиниција. Во рамката има многу повеќе детали, благодарение на 1920 x 1080 пиксели.

4K: 4K нуди резолуција која е четири пати повисока од Full HD. Очекувајте подобрени бои, заситеност и контраст, благодарение на 3840 x 2160 пиксели. Снимките направени во 4K треба да се репродуцираат на телевизор за 4K.



Дигитален или оптички зум?

Зумот – способност да се менува видното поле без движење на камерата – е важна функција кога купувате видеокамера. Кога зумирате или одзумирате, менувате колку блиску ќе се појави објектот со движење на делови од објективот или со зумирање на дигиталната слика.

Оптички зум: Кога користите оптички зум, се менува конфигурацијата на оптичките елементи во објективот за да се добие различна фокусна должина. Стандардниот оптички зум е 10х, што значи дека најголемата фокусна должина е 10х поголема од најмалата, но достапни се и видеокамери со опсег на зумирање до 60х.

Дигитален зум: Со него се зумира сликата што ја направил сензорот за слика, а не се менува фокусната должина на објективот. Поради тоа што изворната слика не се менува, колку е повисок соодносот на зумирање толку е помал квалитетот на сликата.


Објаснување на форматите на компресија во HD

Кога снимате со видеокамера, филмот се компримира за да може да управувате со големината на датотеката. Квалитетот на филмот што сте го снимиле обично се определува со бит-стапката, а се мери со мегабити во секунда (Mbps). Колку е поголема стапката толку е подобар квалитетот и опсегот на добиената датотека.

Достапни се неколку формати на компресија.

HDV: Изворниот HD-формат за дигитални видеокамери кој е компатибилен со традиционалниот DV-формат на база на лента. Снима со резолуција на full HD, но користи компресија MPEG-2. Денес не се произведуваат многу HDV-камери за потрошувачи. Ги користат главно професионалци.

AVCHD: тековниот стандард за снимање и репродуцирање снимки во Full HD на видеокамери за потрошувачи. AVCHD:

  • снима во Full HD, но има повисока стапка на компресија од HDV, а користи метод на компресија наречен MPEG-4/H.264
  • снима видео во HD без да користи премногу меморија
  • користи 1 GB за да сними снимка од 30 минути

XAVC: Овој формат е наменет за поддршка на видеокамери со 4K. Со неа режисерите ги контролираат величината и квалитетот на 4К-фајловите. 4K може да достигне бит-стапка од 960 Mbps, но со XAVC таа може да се намали под 100 Mbps.

XAVC не е ексклузивен за 4K. Може да се користи и за Full HD


Опции за снимање и складирање на филмовите

Кога снимате домашни филмови, тие се снимаат дигитално на внатрешен хард диск или мемориска картичка.

Хард диск: Снимајте ги снимките директно на камерата, со избирање модел со внатрешен хард диск. Постојат два типа внатрешно складирање:

  • HDD: стандарден хард диск. Нуди големо количество на простор за складирање, но е потежок и има подвижни делови
  • Флеш: Полесно, побрзо складирање што нема подвижни делови, но нуди помалку простор

Мемориски картички: Снимајте филмови на мала мемориска картичка што ја собира во влезот од камерата. Важна е брзината на картичката: за Full HD со звук, ќе ви треба побрза картичка отколку за SD-видео без звук.

Перформансите на картичката зависат од:

Складирање на податоци: колку собира на картичката, се мери во гигабајти.

Брзина на картичката: Колку брзо се запишуваат податоци на картичката. Се мери со MBps – мегабајти во секунда (за разлика од мегабити во секунда за изворната бит-стапка на снимката). Картичките се означени во класи на следниов начин:

Enlarge image

Креирање и уредување библиотека со PlayMemories: Може безбедно да складирате видеа на интернет со PlayMemories на Sony. Лесно пристапете до ценетите сеќавања и организирајте ги во својата лична библиотека. Прикажувајте ги на лаптопот, таблетот или телевизорот со лесно безжично синхронизирање.

Дознајте како да пренесете SD-видеа од DV или Digital8-видеокамера на компјутерот
Дознајте како да пренесете SD-видеа од DV или Digital8-видеокамера на Mac


Пуштање филмови на телевизор

Може да ја поврзете дигиталната видеокамера со телевизорот и да ги гледате своите филмови на големиот екран со неколку лесни етапи.

  1. Поврзете го кабелот за HDMI со портата HDMI OUT на видеокамерата
  2. Ставете го другиот крај од кабелот во портата HDMI IN од телевизорот
  3. Пуштете го филмот на камерата и тој ќе се појави на телевизорот

Дознајте повеќе за тоа како да пуштате филмови на телевизор


Други важни функции при бирањето камера

Широкоаголен објектив: Некои видеокамери се опремени со широкоаголен објектив, совршен за снимање опсежни панорами од ридови и планини или историски обележја. Широкоаголниот објектив е супер и за снимање група луѓе или снимање во тесен простор.
Enlarge image

Сензор: Сензорот е делот од камерата што се изложува на светлина за да сними дигитална слика. Колку е поголем сензорот во видеокамерата толку повеќе детали може да сними. Сензор со висок квалитет, како Exmor R CMOS во многу камери на Sony, ќе сними богата слика со детали дури и при мало осветлување или кога снимате внатре.


Оптички стабилизатор на сликата: Дури и мало движење на раката или дланката може да предизвика тресење на камерата. Но оптичката стабилизација ќе помогне снимката да биде мирна и незаматена. Избалансираниот оптички SteadyShot на Sony е наменет да даде неверојатно стабилна снимка.