Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- MHC-V77DW
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Ја подобрува безбедната комуникација
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувања
Информации за датотеката
Име на датотеката
- Ажурирање на фирмверот со верзијата SYS 6.34 за MHC-V77DW
Верзија на датотеката
- SYS 6.34
Големина на датотеката
- 197 MB (207 368 384 бајти)
Датум на издавање
- 26-04-2022
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Доколку верзијата на фирмверот на уредот е SYS 6.34 или понова, не треба да го извршите ажурирањето.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Притиснете го копчето за напојување POWER за да го вклучите системот за звук.
- Притиснете OPTIONS.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете SYSTEM, па притиснете
.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете VERSION, па притиснете
.
Важно известување
- По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
- Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите системот за звук.
- Не исклучувајте го системот за звук и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
- Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
- Не користете го уредот и далечинскиот управувач за време на преземањето и ажурирањето.
- Не исклучувајте го кабелот за напојување сè додека не заврши ажурирањето. Тоа може да предизвика пад на системот.
Постојат 2 едноставни начини за ажурирање на фирмверот на вашиот систем за звук:
| Метод | Што е потребно | Зошто да го користите овој метод? |
|---|---|---|
| Интернет / мрежа (ПРЕПОРАЧАНО) |
| Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот. |
| USB-уред за складирање |
| Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не може да се поврзете на интернет. |
Преземање и инсталирање
Ажурирање на системот за звук преку интернет
Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето од интернет на вашиот систем за звук.
Што е потребно:
- Активна интернет-врска (преку кабел за етернет)
Поставете ја опремата:
- Поврзете го системот за звук со уредот за интернет преку кабел за етернет
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Притиснете го копчето
за да го вклучите системот за звук и почекајте неколку минути додека не се прикаже иконата UPDATE на екранот.
- Притиснете OPTIONS.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете SYSTEM, па притиснете
.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете UPDATE, па притиснете
.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете VIA NW, па притиснете
.
- Притиснете го копчето
за да изберете EXEC.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете YES, па притиснете
.
- Почекајте да заврши постапката за преземање, копирање на датотеката и за ажурирање.
- Преземање: времето на преземање ќе зависи од интернет-врската
- Копирање на датотеката: по овој чекор ќе следува автоматско рестартирање на системот
- Ажурирање на софтверот: Ажурирањето обично трае 10 минути. По овој чекор ќе следи автоматско рестартирање на системот
- Потоа ќе се активира режимот за демонстрација
- Повторно притиснете го копчето
за да го вклучите системот за звук.
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето завршило успешно
- Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е SYS 6.34, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.
Решавање проблеми
Ако се прикаже пораката Download Error/Push POWER (Грешка при преземањето/Притиснете POWER) за време на ажурирањето, тоа значи дека ажурирањето на софтверот е неуспешно.
- Притиснете го копчето
за да го исклучите системот за звук.
- Повторно притиснете го копчето
за да го вклучите системот за звук.
- Почекајте приближно 3 минути (или додека не се воспостави мрежната врска), па проверете го екранот на системот за звук.
- Иконата UPDATE свети.
- Ажурирањето на софтверот НЕ е завршено, но системот за звук е во нормална состојба.
- Обидете се повторно да извршите ажурирање преку мрежа со следење на претходните чекори.
Забелешка: Ако ажурирањето повторно не успее, наместо ажурирање преку мрежа, обидете се да го ажурирате софтверот преку постапката со USB-флеш уредот.
Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер
Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во системот за звук.
Подготовки за ажурирање на фирмверот
Пред да го преземете фирмверот, проверете дали во компјутерот е инсталиран еден од следните оперативни системи и подгответе USB-флеш уред.
Оперативни системи
- Windows 10
- Windows 8.1
- Macintosh OS X верзија 10.6 или понова верзија
Ако користите Windows 10 или 8.1, користете го во режимот за работна површина.
Предуслови за медиумите за снимање
USB-флеш уред: Капацитет: повеќе од 256 MB
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
Преземете го ажурирањето во вашиот компјутер:
- Уверете се дека не се извршува ниту една друга програма освен интернет-пребарувачот.
- Прочитајте ги и согласете се со правилата и условите на оваа страница.
- Преземете ја датотеката во вашиот компјутер (запомнете ја локацијата за преземање).
- MHC-V77DW: MHC16002.UPG
Забелешка: 197 MB (207 368 384 бајти)
- MHC-V77DW: MHC16002.UPG
Префрлете ги датотеките за ажурирање во USB-уредот за складирање:
- Вметнете го USB-флеш уредот во влез за USB на компјутерот.
- Форматирајте го USB-флеш уредот.
- Копирајте ја датотеката за ажурирање во основниот директориум на USB-флеш уредот.
Префрлете го ажурирањето во плеерот
Приклучете го USB-флеш уредот во отворот за USB на системот за звук.
Префрлете го ажурирањето:
- Вклучете го системот за звук со притиснување на копчето
.
- Притиснете OPTIONS.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете SYSTEM, па притиснете
.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете UPDATE, па притиснете
.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете VIA USB, па притиснете
.
- Притиснете го копчето
за да изберете EXEC.
- Притиснете го копчето ↑ или ↓ за да изберете YES, па притиснете
.
Забелешка: Пораката UPDATING на екранот ќе почне да трепка за време на ажурирањето. - Почекајте да заврши постапката за копирање на датотеката и за ажурирање.
- Копирање на датотеката: по овој чекор ќе следува автоматско рестартирање на системот
- Ажурирање на софтверот: Ажурирањето обично трае 10 минути. По овој чекор ќе следи автоматско рестартирање на системот
- Потоа ќе се активира режимот за демонстрација.
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето завршило успешно
- Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е SYS 6.34, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.
Решавање проблеми
Ако се прикаже пораката File Error (Грешка во датотеката), No File (Нема датотека) или Read Error/Push POWER (Грешка при читањето/Притиснете POWER) за време на ажурирањето, тоа значи дека ажурирањето на софтверот е неуспешно.
- Потврдете дека датотеката за ажурирање е правилна и се наоѓа во коренската папка на USB флеш-меморијата, па обидете се повторно со претходните чекори.
- Ако сѐ уште не можете да го извршите ажурирањето, обидете се со друг USB-уред за складирање.
Ажурирање на фирмверот со верзијата SYS 6.34
Ја подобрува безбедната комуникација