Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- TA-AN1000
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Го поправа проблемот што предизвикува неуспешно работење на Auto Calibration кога го користите Режимот за централен звучник на телевизорот
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувањаИнформации за датотеката
- Име: AN10STR-1_478.zip
- Верзија: 1.478
- Големина: 565 MB (593 296 233 бајти)
- Датум на издавање: 17-09-2025
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Фирмверот можеби веќе е ажуриран, особено ако имате нов AV-приемник. Ако бројот на верзијата e 1.478 или поголем, тогаш не е потребно да вршите ажурирање.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен AV-приемникот, односно ако AV-приемникот е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
- Вклучете го AV-приемникот.
- Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
- На почетниот екран, изберете Setup (Поставување) → System Settings (Системски поставки) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Изберете System Information (Информации за системот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Ако бројот на верзијата што ќе се прикаже на екранот е 001.478 или поголем (игнорирајте ги 1-та и 2-та нула од бројот на верзијата на софтверот), тоа значи дека веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.
Важно известување
- Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите AV-приемникот.
- Не исклучувајте го AV-приемникот и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
- Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
- Не исклучувајте го кабелот за напојување додека трае преземањето и ажурирањето на софтверот. Тоа може да предизвика паѓање на системот.
Преземање и инсталирање
Постојат два начини за ажурирање на фирмверот:
- Ажурирање преку интернет (препорачано)
- Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер
Ажурирање преку интернет
Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Може да трае приближно 15-30 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето од интернет.
Што е потребно:
- активна интернет-врска (преку безжичен рутер)
- компатибилен телевизор
Поставете ја опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен AV-приемникот. (Ако AV-приемникот е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал)
- Приклучете го AV-приемникот на интернет преку безжичен рутер.
- Вклучете го AV-приемникот.
- Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
- Кога ги користите безжичните задни звучници/сабвуферот од Sony (не се испорачуваат), вклучете го секој звучник и проверете дали е воспоставена врска со приемникот. Погледнете го Водичот за помош за да најдете подетални информации како да ги поврзете звучниците.
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Во менито HOME (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → Network update (Ажурирање преку мрежа) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Кога пораката “Update to a new software version. Never turn off the power while performing the update. Current version 00x.xxx New version 001.478” (Ажурирајте го софтверот со нова верзија. Не исклучувајте го напојувањето додека трае ажурирањето. Тековна верзија 00x.xxx Нова верзија 00) ќе се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- На телевизорот ќе се прикаже пораката “Update Caution” (Предупредување за ажурирање). Изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- AV-приемникот ќе ги преземе податоците за фирмверот од интернет.
- Откако ќе заврши со преземањето, AV-приемникот ќе се рестартира и ќе започне ажурирањето на главниот уред. За време на ажурирањето на главниот уред, на предниот панел се прикажува статусот на напредокот на ажурирањето XX%.
- Откако главниот уред ќе се ажурира, AV-приемникот повторно ќе се рестартира автоматски. Ако е потребно ажурирање за сабвуферот или задните звучници, тоа ќе започне во оваа фаза.
- Ажурирањето ќе заврши кога на телевизорот ќе се појави порака за завршено ажурирање.
Чекор 2: проверете дали ажурирањето е успешно
Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е 1.478, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.
Решавање проблеми
Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на AV-приемникот преку интернет.
- На телевизорот се прикажува пораката “The device is not connected to network. To update, your AV Receiver needs to be connected to the Internet.” (Уредот не е поврзан со мрежа. За да го извршите ажурирањето, вашиот AV-приемник треба да биде поврзан на интернет). Ако не можете да ја извршите функцијата Update via Internet (Ажурирање преку интернет), тогаш обидете се да ја извршите функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
- Проверете дали рутерот и сите уреди што се поврзани помеѓу AV-приемникот и рутерот се вклучени.
- Проверете дали сите кабли помеѓу AV-приемникот и рутерот се правилно поврзани.
- Започнете ја повторно постапката за ажурирање.
- Откако ќе започне постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет), пораката “Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen” (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот) се прикажува, но лентата за напредок на екранот не се менува.
Во зависност од мрежната врска, постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет) може да трае долго (до 60 минути). Затоа се прикажува пораката “Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen” (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот), а лентата за напредок на екранот не се менува долго време. - Додека трае постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет), на телевизорот се прикажува пораката “Connection status cannot be confirmed. Cannot communicate with the server. Please try again later.” (Статусот на врската не може да се потврди. Не е можна комуникација со серверот. Обидете се повторно подоцна.) и не може да извршите надградба на фирмверот.
- Проверете дали безжичната мрежа е поврзана.
- Проверете дали вашиот AV-приемник има сопствена IP-адреса во мрежните поставки. (Ако користите прокси сервер, внесете ја IP-адресата на прокси серверот што го користите во полето Proxy Server (Прокси сервер) наместо името на прокси серверот.)
- Започнете го ажурирањето повторно.
- Напојувањето се исклучило за време на ажурирањето.
Вклучете го AV-приемникот и започнете го ажурирањето повторно. - Ажурирањето трае повеќе од 60 минути и сè уште не е завршено.
Доколку проблемот не се отстрани, можеби брзината на пренос на мрежата е мала. Во тој случај, ажурирајте го системот со постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред). - На телевизорот се прикажува пораката “Already Updated” (Веќе е извршено ажурирање).
Верзијата на фирмверот што е инсталирана во AV-приемникот е најновата верзија
Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер
Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во AV-приемникот.
Подготовки за ажурирање на фирмверот
Пред да го преземете фирмверот, проверете дали во компјутерот е инсталиран еден од следните оперативни системи и подгответе го USB-флеш уредот.
Оперативни системи
- Windows 11
- Windows 10
- Mac OS X
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Прочитајте ги и согласете се со правилата и условите.
- Преземете ја датотеката AN10STR-1_478.zip во вашиот компјутер, а притоа запомнете во кој директориум ќе ја ставите.
- Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете со десното копче на глувчето врз неа и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 565 MB (593 296 233 бајти).
Префрлете ги датотеките во USB-уредот за складирање:
- Извлечете ја датотеката за ажурирање од датотеката AN10STR-1_478.zip.
- Кај оперативниот систем Mac OS X:
- Одете до локацијата каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете двапати на датотеката AN10STR-1_478.zip.
- Ќе се создаде нова датотека со име F_NSTR0.UPG.
- За оперативниот систем Microsoft Windows:
- Одете до директориумот каде што се наоѓа преземената датотека, кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката AN10STR-1_478.zip, а потоа кликнете Extract All (Извлечи сè).
Забелешка: За Windows, според зададените поставки за Microsoft Edge, датотеката ќе се зачува во папката Downloads (Преземања). За да ја пронајдете папката Downloads (Преземања), кликнете на плочката Desktop (Работна површина) во Start (Почеток) и побарајте ја преземената датотека преку Windows Explorer. - Во прозорецот на функцијата Extract Compressed (Zipped) Folders (Извлечи компресирани (зипувани) папки) кликнете Extract (Извлечи).
- Ќе се создаде нова датотека со име F_NSTR0.UPG.
- Одете до директориумот каде што се наоѓа преземената датотека, кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката AN10STR-1_478.zip, а потоа кликнете Extract All (Извлечи сè).
- Кај оперативниот систем Mac OS X:
- Приклучете компатибилен USB-уред за складирање во компјутерот.
- Префрлете ја датотеката F_NSTR0.UPG во USB-уредот за складирање:
- Кај оперативните системи Mac OS X: Повлечете ја и спуштете ја датотеката F_NSTR0.UPG во основната папка на USB-уредот.
- Кај оперативните системи Windows:
- Одете во директориумот каде што се создала папката, а потоа кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката F_NSTR0.UPG.
- Кликнете Send To... (Испрати до...) во менито, а потоа кликнете на податочната единица што го претставува USB-уредот (на пр., „Removable Disk E:“).
- Датотеката F_NSTR0.UPG ќе се копира во USB-уредот.
- Откако ќе ја копирате датотеката F_NSTR0.UPG, отстранете го USB-уредот од компјутерот
Префрлете го ажурирањето во вашиот AV-приемник
Прво подгответе ја опремата, а потоа префрлете го ажурирањето во вашиот AV-приемник.
Подгответе ја опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен AV-приемникот. (Ако AV-приемникот е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал).
- Вклучете го AV-приемникот.
- Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
- Кога ги користите безжичните задни звучници/сабвуферот од Sony (не се испорачуваат), вклучете го секој звучник и проверете дали е воспоставена врска со приемникот. Погледнете го Водичот за помош за да најдете подетални информации како да ги поврзете звучниците.
- Вметнете го USB-уредот што ја содржи датотеката F_NSTR0.UPG.
Префрлете го ажурирањето:
- Во функцијата HOME (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → USB update (Ажурирање преку USB) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Кога пораката “Update to a new software version. Never turn off power while performing the update. Current version xxx.xxx New version 001.478” (Ажурирајте го софтверот со нова верзија. Не исклучувајте го напојувањето додека трае ажурирањето. Тековна верзија xxx.xxx Нова верзија 00) ќе се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- Кога пораката Update Caution (Предупредување за ажурирање) ќе се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- AV-приемникот ќе ги преземе податоците за фирмверот од USB-уредот.
- Откако ќе заврши со преземањето, AV-приемникот ќе се рестартира и ќе започне ажурирањето на главниот уред. За време на ажурирањето на главниот уред, на предниот панел се прикажува статусот на напредокот на ажурирањето XX%.
- Откако главниот уред ќе се ажурира, AV-приемникот повторно ќе се рестартира автоматски. Ако е потребно ажурирање за сабвуферот или задните звучници, тоа ќе започне во оваа фаза.
- Ажурирањето ќе заврши кога на телевизорот ќе се појави порака за завршено ажурирање.
Чекор 2: проверете дали ажурирањето е успешно
Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е 1.478, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно
Решавање проблеми
Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на AV-приемникот преку компјутер и USB-уред.
- На предниот панел наизменично се прикажува текстот UPDT и ERROR.
- Исклучете го системот и исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја.
- Вклучете го напојувањето на AV-приемникот.
- Започнете ја повторно постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
- Напојувањето се исклучило за време на ажурирањето
Вклучете го AV-приемникот и повторете ја постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред). - Не можам да извршам извлекување на датотеката за ажурирање AN10STR-1_478.zip што ја преземав од веб-сајтот.
Дали успешно ја преземавте датотеката? Избришете ја датотеката и преземете ја повторно. - Ажурирањето трае повеќе од 60 минути и сè уште не е завршено.
- Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја од штекер, а потоа повторно приклучете го по неколку минути.
- Вклучете го AV-приемникот.
- Започнете ја повторно постапката за ажурирање.