Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • STR-DN1080

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Го поправа проблемот кога звукот Dolby Atmos се репродуцира со шум
  • Го поправа проблемот кога звукот Dolby Atmos не се репродуцира преку ARC
  • Го подобрува мрежното поврзување

Претходни придобивки и подобрувања

Информации за датотеката

Име на датотеката

  • Ажурирање на фирмверот со верзијата M41.R.0518 за STR-DN1080

Име на Zip-датотеката

  • UPDATE_M41R0518.zip

Верзија на датотеката

  • Верзија M41.R.0518

Големина на датотеката

  • 230 MB (241 578 745 бајти)

Датум на издавање

  • 17-02-2022

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Фирмверот можеби веќе е ажуриран, особено ако имате нов AV-приемник. Ако бројот на верзијата e M41.R.0518 или поголем, тогаш не е потребно да вршите ажурирање.

Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен AV-приемникот. Ако AV-приемникот е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
  2. Вклучете го AV-приемникот.
  3. Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
  4. Изберете Setup (Поставување) → System Settings (Поставки на системот) → System Information (Информации за системот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
  5. Ако бројот на верзијата што ќе се прикаже на екранот е M41.R.0518 или поголем, тоа значи дека веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.

Постојат 2 лесни начина за ажурирање на фирмверот на вашиот AV-приемник

МетодШто е потребноЗошто да го користите овој метод?
Интернет / мрежа
(ПРЕПОРАЧАНО)
  • активна интернет-врска (преку кабел за етернет или безжичен рутер)
  • компатибилен телевизор
Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот.
USB-уред за складирање
  • компјутер
  • USB-уред за складирање
Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не може да се поврзете на интернет.

Преземање и инсталирање

Ажурирање на AV-приемникот преку интернет

Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Може да трае приближно 15-60 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето од интернет во вашиот AV-приемник.

Што е потребно

  • активна интернет-врска (преку кабел за етернет или безжичен рутер)
  • компатибилен телевизор

Како да проверите дали ажурирањето се одвива непречено

Воглавно, ажурирањето е многу едноставно. Направете го следното за да успеете уште при првиот обид:

  • Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите AV-приемникот.
  • Не исклучувајте го AV-приемникот и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
  • Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.

Поставете ја опремата

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен AV-приемникот. Ако приемникот е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
  2. Поврзете го AV-приемникот со уредот за интернет преку кабел за етернет или воспоставете безжична врска преку рутерот.
  3. Вклучете го AV-приемникот.

Преземете го ажурирањето

  1. Во менито Home (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → System Settings (Поставки на системот) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → Update via Internet (Ажурирање преку интернет) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете Enter.
  2. Ако пораката A new software version has been found on the network. Do you want to update the software? (Пронајдена е нова верзија на софтверот преку мрежата. Дали сакате да го ажурирате софтверот?) се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
  3. Ако пораката Update to a new software version. Never turn off power while performing update. Current version M41.R.XXXX New version M41.R.0518 (Ажурирајте го софтверот со нова верзија. Не исклучувајте го напојувањето додека трае ажурирањето. Тековна верзија M40.R.xxxx Нова верзија M41.R.0518) се прикаже на телевизорот, изберете Start (Започни) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
  4. Ажурирањето ќе започне.
  5. Потребни се приближно 5 минути за да започне ажурирањето откако ќе го преземете софтверот. Кога на телевизорот ќе се прикаже пораката When update starts, UPDATING will be displayed on the display window of the receiver. Update takes up to 60 minutes. When update is finished, COMPLETE will be displayed on the displays window of the receiver, and the receiver will restart automatically. Do not disconnect the power cord during the update process (Кога ќе започне ажурирањето, на екранот на приемникот ќе се прикаже UPDATING (Ажурирање). Ажурирањето може да трае најмногу 60 минути. Кога ќе заврши ажурирањето, на екранот на приемникот ќе се прикаже COMPLETE (Завршено), а приемникот ќе се рестартира автоматски. Не исклучувајте го кабелот за напојување за време на ажурирањето), изберете OK (Во ред) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
  6. За време на ажурирањето, на екранот на производот се прикажува пораката UPDATING (Ажурирање).
  7. Надградбата на фирмверот ќе заврши кога на екранот на производот ќе се прикаже пораката COMPLETE (Завршено).
    Забелешка: Не исклучувајте го AV-приемникот и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
  8. AV-приемникот ќе се рестартира автоматски штом заврши надградбата.
  9. Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M41.R.0518, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.

Решавање проблеми

Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на AV-приемникот преку интернет:
  • Ако на телевизорот се прикаже пораката Update failed. Connect the USB memory containing the update files or connect to the network to retry. If the update fails again, please contact the customer service center (Ажурирањето не е успешно. Приклучете го USB-уредот што ги содржи датотеките за ажурирање или поврзете се во мрежа и обидете се повторно. Ако ажурирањето повторно не заврши успешно, ве молиме обратете се во центарот за кориснички услуги):
    1. Проверете дали рутерот и сите уреди што се поврзани помеѓу AV-приемникот и рутерот се вклучени.
    2. Проверете дали се користи кабел од соодветен тип (прав или вкрстен) помеѓу AV-приемникот и рутерот.
    3. Проверете дали сите кабли помеѓу AV-приемникот и рутерот се правилно поврзани.
    4. Започнете ја повторно постапката за ажурирање.
    Забелешка: Ако не можете да го извршите ажурирањето на софтверот, тогаш обидете се да ја извршите функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако, откако ќе започне постапката Update via the Internet (Ажурирање преку интернет), се прикаже пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот), но лентата за напредок на екранот не се менува, во зависност од мрежната врска, постапката Update via the Internet (Ажурирање преку интернет) може да трае долго (до 60 минути). Затоа се прикажува пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот), а лентата за напредок на екранот не се менува долго време.
  • Ако, додека трае постапката Update via the Internet (Ажурирање преку интернет), на телевизорот се прикаже пораката Connection status cannot be confirmed. Cannot communicate with the server. Please try again later. (Статусот на врската не може да се потврди. Не е можна комуникација со серверот. Обидете се подоцна.) и не може да го извршите ажурирањето на фирмверот:
    1. Проверете дали е приклучен LAN-кабелот.
    2. Проверете дали вашиот AV-приемник има сопствена IP-адреса во мрежните поставки (Ако користите прокси сервер, внесете ја IP-адресата на прокси серверот што го користите во полето Proxy Server (Прокси сервер) наместо името на прокси серверот)
    3. Започнете го ажурирањето повторно.
  • Ако напојувањето се исклучи за време на ажурирањето, тогаш вклучете го AV-приемникот и обидете се повторно да го извршите ажурирањето.
  • Ако ажурирањето трае подолго од 90 минути и сè уште не е завршено, а AV-приемникот е поврзан безжично во мрежата, тогаш поврзете го во мрежата со кабел и започнете ја постапката повторно. Доколку проблемот не се отстрани, можеби брзината на пренос на мрежата е мала. Во тој случај, обидете се да го ажурирате системот со функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако на телевизорот се прикаже пораката This device is not connected to network. Perform network diagnostics in the connection server setting (Уредот не е поврзан во мрежа. Извршете дијагностика на мрежата во поставките за поврзување на серверот), тогаш проверете дали LAN-кабелот е приклучен во AV-приемникот.
  • Ако на телевизорот се прикаже пораката Already Updated (Веќе е извршено ажурирање), тоа значи дека верзијата на фирмверот што е инсталирана во AV-приемникот е најновата верзија.

Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер

Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во AV-приемникот.

Ги препорачуваме следните оперативни системи:

  • Windows 8.1, 10, 11
  • macOS 10.12 - 10.15, 11
  • Mac OS X

Како да проверите дали ажурирањето се одвива непречено

Воглавно, ажурирањето е многу едноставно. Направете го следното за да успеете уште при првиот обид:

  • Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите AV-приемникот.
  • не исклучувајте го AV-приемникот и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
  • Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.

Преземете го ажурирањето во вашиот компјутер

  1. Прочитајте ги и согласете се со правилата и условите.
  2. Преземете ја датотеката UPDATE_M41R0518.zip во вашиот компјутер, а притоа запомнете во кој директориум сте ја преземале.
  3. Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете со десното копче на глувчето врз неа и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 230 MB (241 578 745 бајти).

Зачувајте ја во USB-уредот

  1. Отпакувајте ја датотеката во вашиот компјутер:
    • За Mac: Одете до локацијата каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете двапати на датотеката UPDATE_M41R0518.zip. Името на отпакуваната папка е UPDATE
    • За Windows:
      1. Одете до директориумот каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката UPDATE_M41R0518.zip, а потоа кликнете Extract All (Извлечи сè).
      2. Во прозорецот на функцијата Extract Compressed (Zipped) Folders (Извлечи компресирани (зипувани) папки) кликнете Extract (Извлечи).
      3. Ќе се создаде нова папка со име UPDATE.
  2. Проверете дали папката UPDATE ги содржи овие четири датотеки: MSB41-FW.BIN, MSB41-FW.ID, MSB41-FW_MB.BIN and MSB41-FW_MB.ID.
  3. Приклучете компатибилен USB-уред за складирање во компјутерот.
    • За Mac: Повлечете ја и спуштете ја папката UPDATE во основната папка на USB-уредот.
    • За Windows:
      1. Одете во директориумот каде што се создала папката и кликнете со десното копче на глувчето врз папката UPDATE.
      2. Кликнете Send To... (Испрати до...) во менито што ќе се појави.
      3. Кликнете на податочната единица што го претставува USB-уредот (на пр., „Removable Disk E:“).
      4. Папката UPDATE ќе се копира во USB-уредот.

Забелешка: Ажурирањето нема да се изврши доколку не сте ја копирале датотеката во основниот директориум на USB-уредот или ако сте го промениле името на датотеката.

Префрлете го ажурирањето во вашиот AV-приемник

  1. Подгответе ја опремата:
    1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен AV-приемникот. Ако плеерот е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
    2. Вклучете го AV-приемникот.
    3. Проверете дали има други USB-уреди што се поврзани со AV-приемникот и доколку има, ве молиме исклучете ги од AV-приемникот.
  2. Префрлете го ажурирањето:
    1. Вметнете го USB-уредот за складирање што ја содржи датотеката за ажурирање во USB-приклучокот на предниот панел од AV-приемникот.
    2. Во менито Home (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → System Settings (Поставки на системот) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете Enter.
    3. Ако на телевизорот се прикаже пораката Update files found in the USB memory. Do you want to update software? Current version M35.R.XXXX New version M41.R.0518. Do not turn off the power or remove the USB memory during the update. (Пронајдени се датотеки за ажурирање во USB-уредот. Дали сакате да го ажурирате софтверот? Тековна верзија M35.R.XXXX Нова верзија M41.R.0518. Не исклучувајте го напојувањето и не отстранувајте го USB-уредот за време на ажурирањето.) изберете OK (Во ред) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
    4. Ако на телевизорот се прикаже пораката When update starts, UPDATING will be displayed on the display window of the receiver. Update takes up to 60 minutes. When update is finished, COMPLETE will be displayed on the displays window of the receiver, and the receiver will restart automatically. Do not disconnect the power cord during the update process (Кога ќе започне ажурирањето, на екранот на приемникот ќе се прикаже UPDATING (Ажурирање). Ажурирањето може да трае најмногу 60 минути. Кога ќе заврши ажурирањето, на екранот на приемникот ќе се прикаже COMPLETE (Завршено), а приемникот ќе се рестартира автоматски. Не исклучувајте го кабелот за напојување за време на ажурирањето), изберете OK (Во ред) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
    5. Ажурирањето ќе започне.
    6. За време на ажурирањето, на екранот се прикажува пораката UPDATING (Ажурирање).
    7. Надградбата на фирмверот ќе заврши кога на екранот на производот ќе се прикаже пораката COMPLETE (Завршено).
      Забелешка: Не исклучувајте го AV-приемникот и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
    8. Плеерот ќе се исклучи автоматски откако ќе заврши ажурирањето. Не користете го и не исклучувајте го плеерот сè додека не заврши ажурирањето.
    9. Извадете го USB-уредот од AV-приемникот и вклучете го приемникот.
    10. Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M41.R.0518, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.

Решавање проблеми

Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на AV-приемникот преку компјутер и диск:
  • Ако на екранот на приемникот наизменично се прикажува текстот UPDATE и ERROR:
    1. Исклучете го системот и исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја.
    2. Вклучете го напојувањето на AV-приемникот.
    3. Започнете ја постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако напојувањето се исклучи за време на ажурирањето, тогаш вклучете го AV-приемникот и повторно извршете ја постапката Update via USB Memory Procedure (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако датотеката за ажурирање UPDATE_M41R0518.zip што сте ја преземале од веб-сајтот не може да се извлече, тогаш избришете ја и преземете ја повторно.
  • Ако ажурирањето трае повеќе од 90 минути и сè уште не е завршено:
    1. Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја од штекер, а потоа повторно приклучете го по неколку минути.
    2. Вклучете го AV-приемникот.
    3. Започнете ја повторно постапката за ажурирање.