Ажурирање на фирмвер VER. 1.171 за STR-DH790
Додава поддршка за карактеристиката eARC
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- STR-DH790
ВАЖНО: Оваа датотека треба да се користи само со наведените модели. Сите модели не се продаваат во сите држави.
За ова преземање
Предности и подобрувања
- Додава поддршка за карактеристиката eARC
Забелешки:- eARC е нова стандардизирана функција за HDMI 2.1 што додава поддршка за најновите аудиоформати, покрај аудиоформатите што се поддржани од функцијата Audio Return Channel (Повратен аудиоканал) (ARC).
- Карактеристиката eARC ви овозможува да уживате во аудиосодржини со објекти како што се Dolby Atmos - Dolby TrueHD и DTS:X или повеќеканална LPCM-содржина што може да се пренесува преку функцијата ARC
Информации за датотеката
Име
- Ажурирање на фирмвер VER. 1.171 за STR-DH790
Име на датотека zip
- h790_upd_ver1171.zip
Верзија на датотека
- VER. 1.171
Големина на датотека
- 6.62 MB (6,950,992 бајти)
Датум на издавање
- 10-10-2018
Подготовка
Вашиот фирмвер може веќе да е ажуриран, особено ако имате нов АВ-приемник. Ако бројот на верзијата е VER. 1.171 или поголем, не ви треба ажурирање.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Вклучете го АВ-приемникот
- Притиснете AMP MENU на далечинскиот управувач, па изберете [SYSTEM] со користење на копчето за стрелка нагоре/надолу на далечинскиот управувач и притиснете ENTER
- Со користење на копчето за стрелка нагоре/надолу изберете [VER. x.xxx]
Бројот на верзијата на фирмверот изгледа вака:
„VER. 1.171“ - ако бројот на верзијата е „VER. 1.171“ или поголем, веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.
Преземање и инсталирање
Ажурирајте преку УСБ-меморија и компјутерот
Преземете го ажурирањето на компјутер, префрлете го на USB-меморија, а потоа префрлете го на АВ-приемникот.
Ги препорачуваме следниве оперативни системи:
- За Windows 10 / 8.1 / 7
- Mac OS X
Како да се уверите дека ажурирањето оди беспрекорно
Ажурирањето обично е многу едноставно. Еве како може да се уверите дека ќе успее првиот пат:
- Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно може да го оштетите АВ-приемникот
- Не исклучувајте го АВ-приемникот – или не исклучувајте го од струја – додека се врши ажурирање
- Не притискајте ниту едно копче, освен копчињата споменати во упатствата
Преземете го ажурирањето на компјутерот:
- Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите
- Преземете ја датотеката h790_upd_ver1171.zip на компјутерот, но запомнете во која папка ја преземате
- Најдете го фајлот во компјутерот, кликнете на десното копче и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 6,62 MB (6.950.992 бајти)
Зачувајте на USB-меморија:
- Отпакувајте ја датотеката во компјутерот:
- За Mac OS X: Одете до локацијата каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете двапати на датотеката h790_upd_ver1171.zip. - Името на отпакуваната папка е „h790_upd“
- За Windows 10 / 8.1 / 7 :
а. Одете до локацијата каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете со десното копче на датотеката h790_upd_ver1171.zip, па кликнете „Extract All“ (Извлечи ги сите)
б. Во прозорецот „Extract Compressed (Zipped) Folders“ (Извлекување на компресирани (зипувани) папки), кликнете „Extract“ (Извлечи)
в. Ќе се создаде нова папка со име „h790_upd“
- Проверете дали во папката „h790_upd“ се наоѓаат следниве датотеки:
180790_A.BIN, 180790_D.BIN, 180790_E.BIN, 180790_F.BIN, 180790_M.BIN, 180790_O.BIN. - Поврзете компатибилен USB-уред за складирање на компјутерот.
- За оперативниот систем Mac OS X:
Повлечете ја и спуштете ја папката „h790_upd“ во коренската папка на USB-уредот. - За оперативниот систем Windows:
- Одете во директориумот во којшто беше создадена папката и кликнете со десното копче на папката „h790_upd“
- Од менито што ќе се појави, кликнете „Send To...“ (Испрати до)
- Кликнете на драјвот којшто го претставува вашиот USB-уред (на пр. Отстранлив диск E:)
- Папката за ажурирање ќе се копира на USB-уредот
- За оперативниот систем Mac OS X:
Забелешка: ажурирањето нема да се изврши доколку датотеката не се копира во коренската папка на USB-уредот или ако се промени нејзиното име.
Префрлете го ажурирањето на АВ-приемникот
Прво подгответе ја опремата, а потоа префрлете го ажурирањето на репродукторот.
Подгответе ја опремата:
- Вклучете го АВ-приемникот
- Уверете се дека нема поврзано други USB-уреди на АВ-приемникот. Доколку има, исклучете ги од него
Пренесете го ажурирањето:
- Ставете ја USB-меморијата во којашто се наоѓа датотеката за ажурирање во портата POWER SUPPLY што се наоѓа на задниот панел од АВ-приемникот.
- Насочете го далечинскиот управувач кон панелот за прикажување, па притиснете го копчето AMP MENU и користете ги копчињата за стрелките за нагоре/надолу за да изберете [SYSTEM] и притиснете ENTER.
- Користете ги копчињата за стрелките за нагоре/надолу за да изберете [UPDATE], па притиснете ENTER.
- На панелот за прикажување се прикажува [START]. Притиснете ENTER преку далечинскиот управувач.
- За време на ажурирањето, ќе ја видите пораката [UPDT xxx] (x = напредок на ажурирањето) на екранот за прикажување. Update takes up to 60 minutes.
Забелешка: Не исклучувајте го АВ-приемникот и не исклучувајте го напојувањето додека се ажурира. - Надградбата на фирмверот е завршена кога ќе се појави пораката COMPLETE (Завршено) на прозорецот од екранот.
АВ-приемникот автоматски ќе се исклучи кога ќе заврши ажурирањето. - Извадете ја USB-меморијата од АВ-приемникот и вклучете го.
- Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е VER. 1.171, ажурирањето на фирмверот е успешно.
Решавање проблеми
Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на АВ-приемникот ако користите компјутер и диск.
- На панелот за приказ на приемникот се прикажува „FILE ERR“ (Грешка на датотеката).
- Исклучете го системот и извадете ја USB-меморијата
- Потврдете дека на USB-меморијата се наоѓа папката „h790_upd“ со сите 6 датотеки во неа.
- Обидете се повторно со постапката за ажурирање откако ќе ја проверите содржината на USB-меморијата
- Главното напојување се прекинало додека траело ажурирањето (поради исклучување на електричното енергија итн.).
- Уверете се дека USB-уредот со фирмверот е вклучен додека уредот бил исклучен
- Кога AC е ON (вклучено), АВ-приемникот автоматски ќе продолжи со процесот на ажурирање
- На панелот за приказ на приемникот се прикажува „UPDT ERR“ (Грешка на ажурирањето).
- Исклучете го системот и уверете се дека USB-меморијата со фирмверот е вклучена во приемникот
- Кога AC е ON (вклучено), АВ-приемникот автоматски ќе продолжи со процесот на ажурирање
- Датотеката за ажурирање h790_upd_ver1171.zip што ја презедов од веб-локацијата за ажурирање не може да се отпакува.
Дали успешно го презедовте фајлот? Обидете се да го избришете фајлот и повторно преземете го. - Ажурирањето трае повеќе од 60 минути и сè уште не е завршено.
- Исклучете го кабелот за напојување од струја, а потоа поврзете го повторно по неколку минути
- Вклучете го АВ-приемникот
- Обидете се повторно со постапката за ажурирање