Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • HAP-S1
  • HAP-Z1ES

ВАЖНО: Оваа датотека треба да се користи само со наведените модели. Сите модели не се продаваат во сите држави.

За ова преземање

Предности и подобрувања

  • Ја подобрува репродукцијата за некои станици TuneIn
    Забелешки:
    • ако ја користите апликацијата HDD Audio Remote, ќе треба да ја ажурирате и таа апликација.
    • Најновата верзија на апликацијата HDD Audio Remote не поддржува оперативни системи Android 3 (или постара верзија) или iOS 8 (или постара верзија).

[+] Претходни придобивки и подобрувања

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на фирмерот 19404R za HAP-S1 / HAP-Z1ES

Верзија на датотека

  • Верзија 19404R

Големина на датотеката

  • 74 MB (77 776 256 бајти)

Датум на издавање

  • 14-01-2021

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Можно е веќе да го имате најновиот фирмвер. Ако бројот на верзијата e 19404R или поголем, не треба да ажурирате.

Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. Вклучете го репродукторот
  2. Притиснете HOME на репродукторот и почекајте да се прикаже почетното мени на LCD-екранот пред да продолжите
  3. На почетното мени Home, означете Settings (Поставувања), па изберете ENTER со користење на Jog dial
  4. На менито Settings (Поставувања), означете System Settings (Системски поставувања), па изберете ENTER со користење на Jog dial
  5. Означете System Information (Информации за системот) и изберете ENTER
  6. На LCD-екранот, верзијата на фирмверот изгледа вака:
    „Software Version 19404R“ (Верзија на софтверот 19404R) – ако бројот на верзијата е 19404R или поголем, веќе ја имате најновата верзија на фирмверот

Што ви треба

  • кабел за етернет за да го поврзете вашиот репродуктор на интернет во случај на жичано поврзување преку LAN
  • активна интернет-врска

Важно известување

Ажурирањето обично е многу едноставно. Еве како може да се уверите дека ќе успее првиот пат:

  • Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно може да го оштетите репродукторот
  • Не исклучувајте го репродукторот – или не исклучувајте го од струја – додека се ажурира
  • Не притискајте ниту едно копче, освен копчињата споменати во упатствата

Преземање и инсталирање

Поставување на опремата

  1. Поврзете го репродукторот на интернет со кабел за етернет или преку Wi-Fi
  2. Вклучете го репродукторот

Земете го ажурирањето:

  1. Притиснете HOME и почекајте да се прикаже почетното мени на LCD-екранот пред да продолжите
  2. На почетното мени Home, означете Settings (Поставувања), па изберете ENTER со користење на Jog dial
  3. На менито Settings (Поставувања), означете Network Update (Ажурирање преку мрежа), па изберете ENTER со користење на Jog dial
  4. Пораката Perform version update? (Да се изврши ажурирање на верзијата) се прикажува на LCD-екранот
  5. Изберете OK, па притиснете ENTER
  6. Преземањето започнува и на LCD-екранот ќе се прикаже екранот за преземање
  7. Откако преземањето ќе заврши, надградбата започнува и на LCD-екранот ќе се прикаже екранот надградба
  8. Откако ажурирањето ќе заврши, репродукторот ќе се престартува автоматски Не исклучувајте го плеерот додека не заврши ажурирањето
  9. Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е 19404R, ажурирањето на фирмверот е успешно

Прашања и одговори

Можен проблем во текот на ажурирањето

Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот за репродукторот преку интернет.

На LCD-екранот се прикажува пораката „Cannot connect to server“ (Не може да се поврзе со серверот).
Можеби има проблем со мрежното поврзување.

  1. Во случај на поврзување преку жичана LAN, проверете дали LAN-кабелот е поврзан
  2. Во поставувањата за мрежата, проверете дали сте потврдиле дали репродукторот има сопствена ИП-адреса
  3. Обидете се повторно да ажурирате

Напојувањето се исклучи додека траеше ажурирањето.
Вклучете го репродукторот и обидете се повторно да ажурирате

Процесот на преземање (Чекор 6 во „Преземете го ажурирањето погоре“) веќе трае подолго од 60 минути и сѐ уште не е завршен.
Откажете го ажурирањето преку мрежа, па проверете го мрежното поврзување.

Процесот на ажурирање (Чекор 7 во „Преземете го ажурирањето погоре“) веќе трае подолго од 60 минути и сѐ уште не е завршен.

  1. Исклучете го кабелот за напојување од струја, а потоа поврзете го повторно по неколку минути
  2. Вклучете го репродукторот
  3. Обидете се повторно да ажурирате

Процесот на Ажурирање на базата на податоци е запрен со порака за неуспех.
Исклучете го, па вклучете го репродукторот. Процесот на ажурирање на базата на податоци започнува повторно.