ИД на напис : 00273110 / Последна промена : 09.12.2021

Отстранување преземања за ажурирање на софтверот за постари модели на телевизори - 7 јануари 2022 година

    Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.

    Ве молиме имајте предвид дека од 7 јануари 2022 година повеќе нема да може да се преземаат ажурирања на софтверот за некои постари модели на телевизори од веб-сајтот за поддршка на Sony. Оваа одлука е во согласност со безбедносната политика на Sony во врска со одржувањето на софтверските ажурирања.

    Табелата со опфатени модели може да ја погледнете тука.

    • Ако во моментов користите еден од опфатените модели и софтверот на вашиот телевизор не е ажуриран со најновата верзија наведена на веб-сајтот за поддршка на Sony, ве молиме преземете го најновиот софтвер/фирмвер за вашиот телевизор пред 7 јануари 2022 година.
    • Ако тековната верзија на софтверот на вашиот телевизор е иста или повисока од најновата верзија наведена на веб-сајтот за поддршка на Sony, вашиот телевизор веќе работи со најновиот софтвер и не е потребно ажурирање.

    Ви благодариме за разбирањето.


    СОВЕТ: Каде да го најдам името на моделот и серискиот број?