ИД на напис : 00250431 / Последна промена : 07.12.2020

Проблем со сателитското бирање за сериите XH90 и XH92

    При објавување на ажурирања на фирмвер, Sony секогаш внимава на објавувањето за да можат корисниците да добијат непречено и пријатно искуство.

    На 12 август 2020 година, Sony објави пакет за фирмвер за сериите XH90 и XH92. За жал, нашите техничари открија дека се појавил проблем со сателитското поставување на DVB-S ако сте го ажурирале телевизорот и сте извршиле враќање на фабричките поставки по августовското ажурирање. Оттогаш, Sony издаде дополнителен пакет за фирмверот.

    Ако забележите проблеми со сателитското поставување, посетете го нашиот водич за сателитско поставување или погледнете го ова видео:

    Ако сѐ уште не може да ги поставите каналите, контактирајте со нас.


    Телевизорот е ажуриран на v6.0384 и не сте извршиле враќање на фабричките поставки?

    Sony советува да не вршите враќање на фабричките поставки додека не ажурирате на најновата верзија на фирмверот, што беше објавена на 26 ноември 2020 година.

    Препорачаниот начин за да го добиете ова ажурирање е да обезбедите дека поставувањето за Automatic software download (Автоматско преземање софтвер) на телевизорот е поставено на [ON] (Вклучено). Потоа телевизорот треба да го добие ажурирањето автоматски во следните седмици.

    Во меѓувреме, ви благодариме за разбирањето и се извинуваме за сите непријатности околу ова.

    Не сте сигурни на која серија телевизори припаѓа вашиот модел? Еве неколку примери:

    • KD-65ZD9
    • KD-75XE9405
    • KD-43XF8096