ИД на напис : 00246903 / Последна промена : 18.06.2020

Известување за Програма за замена за некои SD-мемориски картички од серијата SF-M, серијата SF-M TOUGH-спецификации и серијата SF-G TOUGH-спецификации

    Ви благодариме за интересот за производите на Sony.

    Откривме проблем кај некои SD-мемориски картички од серијата SF-M серијата SF-M TOUGH-спецификации и серијата SF-G TOUGH-спецификации.

    Проблем со податоци во режимот VSC

    Кога се користи фотоапарат* компатибилен со режимот VSC (Video Speed Class), снимените податоци од снимката на картичката може да се оштетат или може да не се снимат оптимално.

    * Фотоапарати компатибилни со режимот VSC со V60/V90.

    За да го решиме проблемот, спроведуваме програма за бесплатна замена на засегнатите SD-мемориски картички.

    Засегнати модели

    Може да ја идентификувате вашата картичка со користење на бројот на моделот на предната страна од картичката како што е означено со црвениот круг.


    Серија SF-M

    Забелешка! Засегнатите картички може да се идентификуваат само ако забележите „V60“, „R:277MB/s“ и „W:150MB/s“ на предната страна од картичката.

    • SF-M64
    • SF-M128
    • SF-M256

     

    Серија SF-M TOUGH-спецификации

    • SF- M64T
    • SF-M128T
    • SF-M256T

     

    Серија SF-G TOUGH-спецификации

    • SF-G32T
    • SF-G64T
    • SF-G128T

     

    Како да проверите дали вашата картичка е засегната

    Серија SF-M

    1. Проверете дали имате засегната картичка. Картичките од серијата SF-M може да се идентификуваат така што имаат отпечатено V60, R:277MB/s и W:150MB/s на предната страна.
    2. Проверете ја задната страна од картичката и видете дали има ѕвездичка (*) во долниот лев агол.
      1. Ако ИМА, вашата картичка не е засегната од овој проблем.
      2. Ако НЕМА, вашата картичка е засегната од овој проблем.

    Засегната картичка

    Засегната картичка

    Картичката не е засегната

     

    Серија SF-M TOUGH-спецификации

    1. Проверете ја задната страна од картичката и видете дали има ѕвездичка (*) во долниот лев агол.
      1. Ако ИМА, вашата картичка не е засегната од овој проблем.
      2. Ако НЕМА, вашата картичка е засегната од овој проблем.

    Засегната картичка

    Картичката не е засегната

     

    Серија SF-G TOUGH-спецификации

    Може да проверите дали картичката е засегната од овој проблем на два начина.

    1. Проверете ја задната страна од картичката и видете дали има ѕвездичка (*) во долниот лев агол.

    a. Ако ИМА, вашата картичка не е засегната од овој проблем.
    b. Ако НЕМА, погледнете го следниот чекор.

    2. Проверете ја задната страна од картичката и видете дали алфанумеричкиот код започнува со TV или TR.

    a. Ако алфанумеричкиот код започнува со TR, вашата картичка не е засегната од овој проблем.
    b. Ако алфанумеричкиот код започнува со TV, вашата картичка е засегната од овој проблем.

    Засегната картичка

    Картичката не е засегната

    Картичката не е засегната

     

    Нудиме бесплатни замени за засегнатите SD-мемориски картички од 18 јуни 2020 година до 31 март 2022 година.

    Можете да побарате размена на SD картички преку овој формулар.

    ВАЖНО: Не можеме да понудиме префрлање на содржината од вашата засегната SD-мемориска картичка на заменската картичка. Создајте резервна копија од вашата содржина на компјутер или друг уред за складирање пред да ја испратите картичката за да се замени.

    *Постојната ситуација со COVID-19 може да влијае врз некои од нашите услуги. Ние се обидуваме да го минимизираме ова влијание, но, сепак, може да има доцнења. Се извинуваме за сите непријатности што може да ги предизвика ова и се надеваме дека ќе имате разбирање во текот на овој период со предизвици.