ИД на напис : 00231509 / Последна промена : 01.09.2019

Ажурирање на фирмвер: компатибилност на WF-1000XM3 со Windows 10 – 29 август 2019 година

    Новиот фирмвер сега е достапен на страницата за производот:

    Ви благодариме за вниманието и трпението.

     


    Претстојно ажурирање на фирмвер: компатибилност на WF-1000XM3 со Windows 10 – 22 август 2019 година

    Со задоволство ве известуваме дека ново ажурирање на фирмверот ќе биде достапно на крајот од месецот. Ова ажурирање ќе им овозможи на слушалките WF-1000XM3 да бидат компатибилни со секој компјутер со инсталиран оперативен систем Windows 10.

    Зошто го објавуваме ова ново ажурирање на фирмверот?

    Ова ажурирање конкретно решава идентификуван проблем кога не може да се слушне аудио (звук и/или музика) од WF-1000XM3 кога ќе се поврзат преку Bluetooth на компјутер со Windows 10 со одредени верзии на изданија на оперативниот систем. 

    Како можам да го најдам ова ажурирање на фирмверот?

    Ова ажурирање ќе биде достапно само на одредени компјутери или лаптопи на кои е инсталиран Windows 10. Вообичаено, овој нов фирмвер ќе се дистрибуира до купувачите преку придружната апликација Headphones Connect. Како алтернатива, проверете на страницата за производот WF-1000XM3 на нашата страница за поддршка во следните денови. 

    Исто така, препорачуваме да ја обележите оваа страница или да ја инсталирате апликацијата Support by Sony за паметен телефон за да може да бидете во тек со сите ажурирања на овој напис.

    Ви благодариме за разбирањето и трпението.