ИД на напис : 00229011 / Последна промена : 27.06.2019

Програма за безбедносни ажурирања, Ажурирања за VAIO – 20 јуни 2019 година

    Почитувани корисници на Sony,

    Sony неодамна откри потенцијална ранливост во програмата „Ажурирања за VAIO од Sony“ на персоналните компјутери Sony® VAIO®. 
    Безбедносното ажурирање за овој проблем е објавено и препорачуваме сите корисници веднаш да го применат ажурирањето.
     

    Засегнати компјутери

    Компјутери Sony VAIO со инсталирано Ажурирање за VAIO верзија 7.3.0.03150 или постара.
    Забелешка: Потенцијалната ранливост постои без разлика дали ажурирањето за VAIO било инсталирано претходно или подоцна.
     

    Потенцијална ранливост

    Ранливоста може потенцијално да им овозможи на други лица да извршат случаен код на засегнатиот компјутер.


    Решение

    Веднаш користете Ажурирања за VAIO за да инсталирате „Ажурирање за VAIO верзија 7.4.0.15200 или понова“. 
    Забелешка: Ако вашиот компјутер ги користи стандардните поставувања за Ажурирања за VAIO, ажурирањето „Ажурирање за VAIO верзија 7.4.0.15200 или понова верзија“, ажурирањето ќе биде инсталирано автоматски. 


    Како да ја проверите верзијата на Ажурирања за VAIO.

    1. Отворете Windows Explorer.
    2. Одете до директориумот што се наоѓа на Local Disk (C:)\Program Files\Sony\VAIO Update.
      или
      Одете до директориумот што се наоѓа на Local Disk (C:)\Program Files\Sony\VAIO Update 5.
    3. Кликнете двапати на датотеката Version.txt.