ИД на напис : 00227032 / Последна промена : 15.05.2019

За корисниците кои го ажурираат ILCE-9 од верзија на фирмверот 4.10 или постара

    Ова големо ажурирање на софтверот ги проширува постојните перформанси за AF на моделот и додава повеќе нови функции кои обезбедуваат дополнителна поддршка при фотографирање, прегледување и приспособување на фотоапаратот.

    ВАЖНО: Погледнете ги следниве придобивки и промени пред да го извршите ажурирањето.


     Главни белешки

    ВАЖНО: Имајте предвид дека откако ќе го инсталирате ажурирањето, нема да може да се вратите на претходната верзија.

    • Иницијализирање на поставувањата за фотоапаратот

      Сите вредности на поставувањата за камерата се иницијализирани поради ажурирање што додава функции и прави големи промени на спецификациите. Дури и ако поставувањата за фотоапаратот за системскиот софтвер (фирмверот) за фотоапаратот верзија 4.10 или постара се регистрирани на мемориската картичка со користење на Memory (Camera Settings1 / Camera Settings2) (Меморија (Поставувања за фотоапаратот1 / Поставувања за фотоапаратот2), тие поставувања не можат да се обноват на фотоапарат што користи системски софтвер (фирмвер) верзија 5.00 или понова. Препорачуваме да ги запишете поставувањата за фотоапаратот што често ги користите и другите важни информации пред да го извршите ажурирањето.
    • Промена на конфигурацијата на MENU (Мени)

      Додадени се и избришани се одредени функции на фотоапаратот, така што соодветно е променета и конфигурацијата на ставките за поставување што се прикажува кога ќе се притисне копчето MENU (Мени). Препорачуваме да ја проверите конфигурацијата во MENU (Мени) пред да фотографирате.
      За подетални информации за поставување на ставките, кликнете овде.
    • Додадени функции и променети спецификации

      Додадени се функции што се оптимизирани за околината на фотографирање. Соодветно, променети се и имињата на функциите и начините на работа. Покрај тоа, некои функции се избришани. Не заборавајте да ги проверите информациите за промените пред да го инсталирате ажурирањето.
      За промените на функциите што ги прави ова ажурирање, кликнете овде.