ИД на напис : 00226534 / Последна промена : 10.04.2019

Ажурирање на фирмвер за телевизори со Android од 2015-2016 година од Sony (серии X94C, X93C, X91C, X90C, X85C, S85C, X80C, S80C, W85C, W80C, W75C, X830C, XD94, XD93, XD85 и SD85) – почнува од 10 април 2019 година

Производи и категории на кои се однесува овој напис

Задоволство ни е да ве известиме дека ново ажурирање на фирмвер (5.433.01) ќе биде издадено директно на вашиот телевизор од 10 април 2019 година и ќе се доставува постепено на сите телевизори поврзани на интернет во текот на следните седмици.

Овој нов фирмвер дополнително ги подобрува перформансите на телевизорот така што ќе ги понуди следниве надградби:

  • Обезбедува најнови безбедносни ажурирања за Android
  • Го подобрува корисничкото искуство (UX) за поставката „Enhanced format - HDMI signal format“ (Подобрен формат - формат на HDMI-сигнал)

ЗАБЕЛЕШКА: За целиот список на карактеристики и придобивки или за да го преземете овој фирмвер, одете до страницата за вашиот телевизор.

Препорачаниот начин за да го добиете ова ажурирање е да обезбедите дека поставувањето за Automatic software download (Автоматско преземање софтвер) на телевизорот е поставено на ON (Вклучено). Потоа телевизорот треба да го добие ажурирањето автоматски во следните седмици.

Исто така, може да го преземете фирмверот од европската веб-локација за поддршка и да го ажурирате телевизорот преку USB-мемориски уред.

Sony секогаш ги зема предвид повратните информации од клиентите, се залага за иновации и севкупен квалитет на производот.

[Важи за модели од следниве серии на телевизори]

  • Телевизори со Android од Sony од 2015 година: серии W85C, W80C и W75C (преземете сега)
  • Телевизори со Android од Sony од 2015-2016 година: серии X94C, X93C, X91C, X90C, X85C, S85C, X80C, S80C, X830C, XD94, XD93, XD85 и SD85 (преземете сега)

 
Не сте сигурни на која серија телевизори припаѓа вашиот модел? Еве неколку примери:

  • KDL-43W809C
  • KD-55SD8505
  • KD-55XD8599