ИД на напис : 00224152 / Последна промена : 20.02.2019

Ажурирање на фирмвер за телевизори со Android од 2015-2016 година од Sony (серии X94C, X93C, X91C, X90C, X85C, S85C, X80C, S80C, W85C, W80C, W75C, X830C, XD94, XD93, XD85 и SD85) – почнува од 20 февруари 2019 година

Производи и категории на кои се однесува овој напис

Задоволство ни е да ве известиме дека ново ажурирање на фирмвер (5.417) ќе биде издадено директно на вашиот телевизор од 20 февруари 2019 година и ќе се доставува постепено на сите телевизори поврзани на интернет во текот на следните месеци.

Овој нов фирмвер дополнително ги подобрува перформансите на телевизорот така што ќе ги понуди следниве надградби:

  • Ја подобрува компатибилноста со апликацијата Home Theatre Control 
  • Го подобрува квалитетот на сликата кога се користат HDMI-влезови
  • Го подобрува квалитетот на сликата кога се гледа HDR-содржина за одредени модели

ЗАБЕЛЕШКА: За целиот список на карактеристики и придобивки или за да го преземете овој фирмвер, одете до страницата за вашиот телевизор.

Препорачаниот начин за да го добиете ова ажурирање е да обезбедите дека поставувањето за Automatic software download (Автоматско преземање софтвер) на телевизорот е поставено на ON (Вклучено). Потоа телевизорот треба да го добие ажурирањето автоматски во следните седмици.

Исто така, може да го преземете фирмверот од европската веб-локација за поддршка и да го ажурирате телевизорот преку USB-мемориски уред.

Sony секогаш ги зема предвид повратните информации од клиентите, се залага за иновации и севкупен квалитет на производот.


[Важи за модели од следниве серии на телевизори]

  • Телевизори со Android од Sony од 2015 година: серии X94C, X93C, X91C, X90C, X85C, S85C, X80C, S80C, W85C, W80C, W75C и X830C (преземете сега)
  • Телевизори со Android од Sony од 2016 година: серии XD94, XD93, XD85 и SD85 (преземете сега)
     

Не сте сигурни на која серија телевизори припаѓа вашиот модел? Еве неколку примери:

  • KDL-43W809C
  • KD-55SD8505
  • KD-55XD8599