ИД на напис : 00223464 / Последна промена : 23.01.2020

[Решено] Проблеми со звукот на системи за домашно кино со Audio Return Channel (Повратен аудиоканал) (ARC) на телевизори со Android од Sony (модели 2016-2018) по ажурирање на Android™ 8.0 Oreo™

    Задоволство ни е да ве известиме дека овој проблем сега е решен. Ако го имате инсталирано фирмверот v6.5830 (Android 8.0 Oreo), преземете го најновиот фирмвер за вашиот телевизор:

    Ако првпат надградувате на Oreo, најновиот фирмвер ќе донесе голем број придобивки. За целиот список на карактеристики и придобивки или за да го преземете овој фирмвер, одете до страницата за вашиот телевизор.

    Ви благодариме за трпението и се извинуваме за сите непријатности околу ова.
     

     


    Проблеми со звукот на системи за домашно кино со Audio Return Channel (Повратен аудиоканал) (ARC) на телевизори со Android од Sony (модели 2016-2018) по ажурирање на Android™ 8.0 Oreo™

    Свесни сме дека можеби имате проблеми со звукот —преку ARC-портата поврзана со звучникот, А/В приемникот или системот за домашно кино—кога го вклучувате телевизорот од режим на подготвеност.

    Во моментов, нашите инженери ја истражуваат причината за проблемот. За да бидете информирани, редовно посетувајте ја оваа страница или означете ја.

    Во меѓувреме, обидете се со следново решение според дадениот редослед. Ако симптомот(ите) продолжи да се појавува, препорачуваме да го користите следното решение во списокот.

    БЕЛЕШКА: Поставете го Audio system prioritisation (Приоритет на аудиосистемот) на On (Вклучено) пред да ги примените решенијата што се дадени подолу. 
    [HOME] (ПОЧЕТОК) > [Settings] (Поставувања) > [Sound] (Звук) > [Audio system prioritisation] (Приоритет на аудиосистемот) 

    Решение 1: 

    • Исклучете го аудиоуредот преку далечинскиот управувач 
    • Исклучете го телевизорот преку далечинскиот управувач за телевизорот
    • Вклучете го телевизорот преку далечинскиот управувач за телевизорот

    БЕЛЕШКА: Аудиоуредот ќе се вклучи автоматски преку функцијата BRAVIA Sync (HDMI CEC)

    Решение 2:

    • Променете ги поставувањата за звучниците така што ќе отидете до [HOME] (Почеток) > [Settings] (Поставувања) > [Sound] (Звук) > [Speakers] (Звучници) > [TV speakers] (Звучници на телевизорот)
    • Исклучете го телевизорот преку далечинскиот управувач за телевизорот
    • Вклучете го телевизорот преку далечинскиот управувач за телевизорот

    БЕЛЕШКА: Поставувањата за звучниците автоматски ќе се префрлат [Audio system] (Аудиосистем) преку функцијата BRAVIA Sync (HDMI CEC).

    Решение 3:

    • Поставете ја опцијата BRAVIA Sync control на On (Вклучено) така што ќе отидете до [HOME] (Почеток) > [Settings] (Поставувања) > [External inputs] (Надворешни влезови) > [BRAVIA Sync settings] (Поставувања за BRAVIA Sync) > [BRAVIA Sync control] 
    • Изберете [Yes] (Да) кога ќе се прикаже [Remove recognized devices from the list] (Отстрани ги препознаените уреди од списокот)
      БЕЛЕШКА: BRAVIA Sync control ќе се исклучи.
    • Изберете BRAVIA Sync control повторно за да ја вклучите
      БЕЛЕШКА: Поставувањата за звучници автоматски ќе се префрлат на [Audio system] (Аудиосистем).

    Решение 4:

    • Ресетирајте го телевизорот
      1. Исклучете го телевизорот.
      2. Исклучете го кабелот од телевизорот (кабелот за напојување) од штекерот.
      3. Оставете го телевизорот без напојување 2 минути.
      4. Вклучете го кабелот (кабелот за напојување) во штекерот.

    Ви благодариме за трпението и се извинуваме за сите непријатности околу ова.