ИД на напис : 00204970 / Последна промена : 27.06.2019

Известување за софтверските ажурирања за фотоапаратите α7R III (ILCE-7RM3) и α7 III (ILCE-7M3) - 7 декември 2018

    7 декември, 2018

    Sony Corporation
    Sony Imaging Products & Solutions Inc.

     

    Известување за системски ажурирања за клиентите кои ги користат дигиталните фотоапарати со заменливи објективи α7R III (ILCE-7RM3) и α7 III (ILCE-7M3)

     

    Ви благодариме што ги користите производите од Sony.

     

    Дознавме дека следните проблеми може да се појават кај нашите дигитални фотоапарати со заменливи објективи α7R III и α7 III.

    1. Во ретки случаи, вашиот модел на α7R III или α7 III може да престане да функционира при запишување на RAW податоците на SD картичката којашто била повеќе пати користена.

      Забелешки:
      • Ова може да предизвика дефекти во датотеките коишто управуваат со сликите, спречувајќи ги сликите да се прикажат на фотоапаратот.
      • Податоците за сликите на мемориската картичка нема да бидат оштетени или избришани, освен податоците коишто се запишувале во моментот на настанување на прекинот.
      • Доколку сликите повеќе не се појавуваат на фотоапаратот, следете ги следните чекори за да ја користите функцијата „Поврати база на податоци за слика“:
        • Изберете MENU (МЕНИ) → (Setup (Поставување)) → [Recover Image DB] (Поврати база на податоци за слика) → саканиот отвор на мемориската картичка → [Enter] (Внеси).
          Потоа, направете фотографија, архивирајте ги вашите податоци на компјутер или на друг уред и форматирајте ја мемориската картичка на вашиот фотоапарат.

           
    2. Со α7R III, фотографирањето со истовремено користење на функцијата за автоматски преглед може понекогаш да предизвика фотоапаратот да престане да реагира.

     

    Ние ќе овозможиме ажуриран системски софтвер кој ќе биде наменет за решавање на овие проблеми во средината на декември. Дотогаш, преземете ги следните мерки на претпазливост.
    Забелешка: додека се подготвуваме да овозможиме нов системски софтвер, нема повеќе да го нудиме моменталниот системски софтвер како ажурирање.

    1. Пред да направите нови фотографии, архивирајте ги вашите податоци и форматирајте ги мемориските картички во двата отвора на фотоапаратот, или пак користете нова мемориска картичка.
    2. Проверете дали функцијата за автоматски преглед е исклучена кога снимате фотографии.

     

    Би сакале да се извиниме за сите непријатности предизвикани од употребата на засегнатите производи и ви благодариме на разбирањето.