ИД на напис : 00204247 / Последна промена : 15.11.2018

Ажурирање на фирмвер за телевизори со Android од Sony од 2018 година (серии AF9 и ZF9) – започнува на 15 ноември 2018 година

Производи и категории на кои се однесува овој напис

Задоволство ни е да ве известиме дека ново ажурирање на фирмвер (6.0520) ќе биде издадено директно на вашиот телевизор од 15 ноември 2018 година и ќе се доставува постепено на сите телевизори поврзани на интернет во текот на месецот.

Овој нов фирмвер дополнително ги подобрува перформансите на телевизорот така што ќе ги понуди следниве надградби:

  • Описи за земји и региони се додадени за некои јазици во менито Language settings (Јазични поставувања).
  • Ги подобрува општите перформанси на телевизорот

БЕЛЕШКА: За целиот список на карактеристики и придобивки или за да го преземете овој фирмвер, одете до страницата за вашиот телевизор.

Препорачаниот начин за да го добиете ова ажурирање е да обезбедите дека поставувањето за Automatic software download (Автоматско преземање софтвер) на телевизорот е поставено на ON (Вклучено). Потоа телевизорот треба да го добие ажурирањето автоматски во следните седмици.

Исто така, може да го преземете фирмверот од европската веб-локација за поддршка и да го ажурирате телевизорот преку USB-мемориски уред.

Sony секогаш ги зема предвид повратните информации од клиентите, се залага за иновации и севкупен квалитет на производот.

[Важи за модели од следниве серии на телевизори]

Не сте сигурни на која серија телевизори припаѓа вашиот модел? Еве неколку примери:

  • KD-55AF9 
  • KD-65AF9
  • KD-75ZF9