ИД на напис : 00198739 / Последна промена : 27.06.2019

Не можете да пристапите до апликации, ажурирања или мрежни услуги на вашиот Bravia телевизор? – 17 мај 2018 година

    Од 21 мај 2018 година, постои можност многу мал број Bravia телевизори да не можат да пристапат до апликации, ажурирања или други мрежни услуги. Причината е тоа што на вашите уреди остануваат кеширани информации* – обично на вашиот интернет-рутер – по надградба на серверот на Bravia.

    Ако не можете да видите икони за мрежни услуги или икони за апликации или ако не можете да пристапите до други мрежни услуги на телевизорот, обидете се со нешто од следново:

    • Исклучете ги, па по една минута повторно вклучете ги каблите за напојување на телевизорот и интернет-рутерот
       

    За да овозможите непречена работа на телевизорот, препорачуваме да го инсталирате најновиот фирмвер на уредот. 

    Ако сѐ уште не можете да пристапите до апликациите или другите мрежни услуги откако ќе се обидете со горенаведените решенија, контактирајте со нас.

    Се извинуваме за сите непријатности што може да се предизвикани од ова.


    *Во кеширани информации спаѓаат податоци за интернет, давател на интернет-услуги и податоци за рутерот/домашната мрежа.