ИД на напис : 00171999 / Последна промена : 16.04.2019

Крај на поддршката за производи кои го користат оперативниот систем Windows Vista

    Објавено на: 2 март 2017 г.


    Почитувани и ценети купувачи,

    Корпорацијата Microsoft® објави дека ќе ја прекинат нивната поддршка за оперативниот систем Windows® Vista на 11 април 2017 година и од тој момент Microsoft нема повеќе да обезбедува безбедносни ажурирања, поправки и техничка поддршка.


    Според тоа, Sony нема да може повеќе да помага за нови технички или безбедносни проблеми или проблеми со квалитетот на нашите производи ако се поврзани со Windows Vista, и нема да можеме да обезбедуваме безбедносни ажурирања, ниту да применуваме промени и потврдувања за нашите производи кои работат на Windows Vista.  Затоа имајте предвид дека е можно овие производи да не работат правилно или безбедно ако продолжите да ги користите со Windows Vista.


    Одредени верзии се компатибилни со понови верзии на оперативниот систем Windows.
    Проверете ја страницата за поддршка за вашиот модел за информации за компатибилност и ажурирања за оперативниот систем Windows.


    Забелешка: Sony не може да обезбедува поддршка за нови технички или безбедносни проблеми или проблеми со квалитетот на нашите производи предизвикани од користење на постари верзии на оперативниот систем Windows, како што се Windows® 95, Windows® 98, Windows® Me, Windows® 2000, Windows® XP и други за коишто Microsoft веќе ја прекинал поддршката.