ИД на напис : 00158046 / Последна промена : 12.01.2018

Внимание: Не се препорачува користење на литиум-јонска батерија од Sony во е-цигари и пенкала со течност за испарување

Производи и категории на кои се однесува овој напис

Sony многу се грижи за безбедноста на своите корисници. Неодамна дознавме дека некои луѓе можеби ги користат нашите цилиндрични литиум-јонски VTC-батерии („литиум-јонски батерии“) спротивно од намената за користење од Sony: во е-цигари и пенкала со течност за испарување.

Sony ги нема тестирано литиум-јонските батерии во е-цигари и пенкала со течност за испарување. Поради големата моќност, потребни се безбедносни мерки и механизми за безбедно користење на литиум-јонските батерии од Sony. Sony не знае дали е-цигарите или пенкалата со течност за испарување имаат такви безбедносни механизми.

Погрешното користење на литиум-јонските батерии од Sony во е-цигари и пенкала со течност за испарување може да претставува сериозен ризик за личниот имот и безбедноста.

Литиум-јонските батерии од Sony им се продаваат на производители и се наменети за напојување на електрични производи како што се електрични алати кои имаат одредени безбедносни мерки и механизми кои ги исполнуваат нашите стандарди за квалитет.