Научете повеќе за дополнителните функции

Дознајте какви се дополнителните функции по ажурирањето на XAV-601BT/-701BT/-741.

Но, пред да започнете, треба да проверите дали го имате најновиот фирмвер:

  • Изберете Settings (Поставки) од Home (Почетното) мени.
  • Изберете General Settings (Општи поставки)
  • Изберете верзија на фирмверот
  • Потврдете дека е прикажано "JR08_xav_1.13.003".

Доколку се прикаже различен број за верзијата, прво треба да го ажурирате Вашиот модел до најновото ажурирање.
За XAV-601BT
За XAV-701BT
За XAV-741

Дополнителни функции

MirrorLink

  • Додавање режим за приказ на цел екран на MirrorLink
    • Со него можете да ја користите апликацијата MirrorLink™ на поголем екран со помош на "Full-screen mode" (Режим за приказ на цел екран).
    • Можете да изберете режим за Full-screen (приказ на цел екран) или Normal (нормален) режим преку параметрите во менито. (Стандардниот параметар е Приказ на цел екран.)
      нормаленприказ на цел екран
  • Додавање на можноста за контролирање преку далечинскиот управувач
    • Апликацијата MirrorLink, којашто се проектира на AVC-екран, може да се контролира преку далечинскиот управувач како дополнение на оваа контрола со допир.
    • Достапноста на оваа функција зависи од паметниот телефон и апликацијата на паметниот телефон. Податоците за достапност ќе бидат опишани во новата листа за компатибилност.

Кориснички интерфејс

  • Новододадено копче "return to playback screen of current source" (врати се на екранот за репродуцирање на тековниот извор) од почетниот екран
    • Копчето "Zone x Zone" на тековниот почетен екран ќе биде заменето за да се подобри употребливоста.
    • Параметарот Zone x Zone ќе биде на располагање во менито за Settings (поставки) наместо да се поставува од почетниот екран.

      Тековен дизајн

      Нов фирмвер

      Нов фирмвер
      Параметар Zone x Zone во менито за поставки

Телефон со Bluetooth за зборување без раце (освен XAV-741)

  • Се променува максималниот број на зачувани контакти
    • Оваа функција е достапна само кај моделите со Bluetooth.
    • Можете да зачувате најмногу до 1000 контакти наместо 500 како што е дефинирано во тековната спецификација.

Гласовна команда (освен XAV-741)

  • Гласовната команда кај паметниот телефон ќе може да се активира преку копчето "Home" (Почетен) на AVC
    • Оваа функција е достапна само кај моделите со Bluetooth.
    • Достапноста на функција за гласовна команда (Siri, Google voice и гласовно бирање, итн.) зависи од паметниот телефон.
      Држете притиснато 2 секунди.

Гласовна команда (освен XAV-701BT)

  • Копчето "HOME" (Почетен) моментално е назначено за "ATT"
  • Или е вклучена "Voice command" (Гласовна команда) или "ATT ON/OFF" (ATT вкл/искл) или ја има како опција
  • За да ја активирате гласовната команда, треба да го промените назначувањето на копчето од General (Општите поставки). (треба да се избере "voicecommand")