Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • HDR-AZ1

За ова преземање

  • Име: Ажурирање на фирмверот на верзија 1.01 за HDR-AZ1 (Mac)
  • Датум на издавање:18/12/2014
  • Предности и подобрувања
    • Ги подобрува записите на GPS при снимање видео и информациите на локацијата при фотографирање
    • Ја поправа големината на дистрибуцијата на сликата во функцијата прикажување во живо, кога големината на видеото е поставена на 1280x720

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниве верзии на Macintosh:
  • Mac OS X v.10.7 ~ 10.10
    Инсталирајте наставка на јадрото за вчитувач на двигатели

    Овој чекор е потребен само ако оперативниот систем на компјутерот е Mac OS X 10.10 (или понова верзија). Во тој случај, треба да се активира подготвителна апликација пред да се ажурира фирмверот. Ако оперативниот систем на компјутерот е Mac OS X 10.9 или постара верзија, не треба да се изведува ова и може директно да продолжите на следниот чекор „Инсталирајте го софтверот“.

    1. Преземете ја датотеката на вчитувачот на двигатели [DL100_1411a.dmg]
    2. Кликнете двапати на преземената датотека [DL100_1411a.dmg]. Не поврзувајте ја камерата во оваа фаза
    3. Кликнете двапати на иконата [DL100_1411a] што се наоѓа на десктоп
    4. Кликнете двапати на иконата [DriverLoader]
    5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Процесор: Процесор Intel *
    * Процесорите Core Solo и Core Duo не се повеќе поддржани
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-BY1
      Напомена: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

    Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-BY1.
  • Не вадете ја батеријата за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.

Како да ја преземете датотеката за ажурирање на фирмверот:

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_HDRAZ1V101.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

Инсталирај

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на фирмверот верзија 1.01 за HDR-AZ1.

Чекор 1: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_HDRAZ1V101.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Се јавува [Update_HDRAZ1V101].
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



    Напомена: може да се појави предупредувачка порака за потврдување на идентитетот кога ќе кликнете двапати на [FirmwareUpdater].

    Во тој случај, кликнете OK за да ја затворите пораката. Потоа, додека го држите притиснато копчето [Control] (Контрола), кликнете на иконата [FirmwareUpdater] (Ажурирач на фирмвер). Во менито изберете [Open] (Отвори). Потоа изберете [Open] (Отвори) кога ќе се појави предупредувачката порака.

  6. Firmware Updater (Софтверот за ажурирање на фирмверот) започнува.



  7. Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Напомена: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  8. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 2 (Слика 2). Белешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
    Слика 1Слика 2

  9. Откако ќе ги потврдите екраните за Figures 1 and 2 (Слика 1 и 2), кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  10. Откако ќе потврдите дека [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.00] (Верзија 1.00), кликнете Next (Следно).

    Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.01] (Верзија 1.01), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фотоапаратот.
    Слика 3

  11. Се појавува екранот за Figure 4 (Слика 4).

    Слика 4


  12. Притиснете го копчето [REC] (филм/фотографија) за да извршите

    Напомена: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне копчето [REC]. Продолжете на следниот чекор.
  13. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 4 (Слика 4)).
  14. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 5 (Слика 5).
  15. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.

    Слика 5


  16. Кога ажурирањето е завршено, камерата ќе се рестартира автоматски. Проверете дали е исклучена камерата и почекајте додека повторно не се појави LCD-екранот. Кликнете [Finish] (Заврши) кога ќе се појави LCD-екранот и се појавува „исклучете го УСБ-кабелот“
    Слика 6

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.01.

  1. Стартувајте го PlayMemories Mobile инсталиран на паметниот телефон или таблет-компјутерот и поврзете го со камерата.
    За начинот на инсталирање на PlayMemories Mobile и начинот на поврзување со камерата, погледнете во упатството што е доставено со камерата или “Поврзување на камерата со паметниот телефон” (Android /iPhone) во HDR-AZ1 Водичот за помош
  2. Верзијата може да се прикаже со избирање [Settings] (Поставки) -> [Camera information] (Информации за камерата) во PlayMemories Mobile