Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • RM-LVR1

За ова преземање

  • Име: Ажурирање на фирмверот на верзија 2.00 за RM-LVR1 (Mac)
  • Датум на издавање:27.02.2014 г.
  • Предности и подобрувања:
    • Додадени се нови поставки за часовник.
    • Додадена е функционалност на копчето за задржување.
    • Додадени се поставки за фотоапарат. *1
    • Додадена е функција за зумирање.
    • Додадена е поставка за автоматска експозиција. *2
    • Додадена е поставка за датум во фотоапаратот. *2
    • Додаден е показател за предупредување за мемориската картичка.
    • Додадена е функција за повеќекратна контрола на фотоапаратот. *3

    • *1: Достапно само со компатибилни фотоапарати (вклучувајќи ги и HDR-AS15, HDR-AS30V и HDR-AS100V).
      *2: Достапно само со компатибилни фотоапарати (вклучувајќи ги и DSC-QX10 и DSC-QX100).
      *3: Достапно само со компатибилни фотоапарати (вклучувајќи го и HDR-AS100V).

      Погледнете во Водичот за работа за да дознаете како да ги користите новите функции.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниве верзии на Macintosh:
  • Mac OS X верзија 10.5 ~ 10.10

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Процесор: Процесор Intel *
    * Процесорите Core Solo и Duo не се повеќе поддржани.
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за далечинскиот управувач.
    Напомена:Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.
  • УСБ-кабел доставен со далечинскиот управувач.
    Напомена:Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнета батерија.

Како да ја преземете датотеката за ажурирање на фирмверот:

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_RMLVR1V200.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

Инсталирај

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на фирмверот верзија 2.00 за RM-LVR1.

Чекор 1: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_RMLVR1V200.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го далечинскиот управувач во оваа фаза.
  3. Се јавува [Update_RMLVR1V200].
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Софтверот за ажурирање на фирмверот) започнува.



  7. Поврзете го далечинскиот управувач на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Напомена: На ЛЦД-мониторот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  8. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот се појавува Figure 2 (Слика 2). Напомена: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го далечинскиот управувач додека не заврши постапката за ажурирање.
    Слика 1Слика 2

  9. Откако ќе ги потврдите екраните за Figures 1 and 2 (Слика 1 и 2), кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  10. Откако ќе потврдите дека [Current version] (Тековна верзија) е постара од [2.00], кликнете [Next] (Следно).

    Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.2.00] (Верзија 2.00), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши)
    Слика 3

  11. Се појавува екранот за Figure 4 (Слика 4).

    Слика 4


  12. Притиснете го копчето [REC/ENTER] за повторно поставување на далечинскиот управувач.


    Напомена: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на повеќефункциското копче [Multi-selector]. Продолжете на следниот чекор.

  13. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 4 (Слика 4)).
  14. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на далечинскиот управувач и ќе се појави екранот на Figure 5 (Слика 6).
  15. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го далечинскиот управувач ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.

    Слика 5


  16. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 6 (Слика 6). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 6


  17. Исклучете го далечинскиот управувач и вклучете го повторно.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот далечински управувач е верзија 2.00.

  1. Притиснете го копчето MENU за да изберете [Main Settings] (Главни поставки), а потоа притиснете го копчето [REC/ENTER]
  2. Изберете [Version] (Верзија) и притиснете го копчето [REC/ENTER]. На екранот ќе се прикаже тековната верзија на системскиот софтвер. Доколку се појави "2.00" (како што е прикажано подолу), тогаш верзијата на фирмверот е верзија 2.00.