Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • HDR-AS30V

За ова преземање

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниве верзии на Macintosh:
  • Mac OS X верзија 10.6 ~ 10.10

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Процесор: Процесор Intel *
    * Процесорите Core Solo и Core Duo не се повеќе поддржани
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-BX1
      Напомена: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

    Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-BX1
  • Не вадете ја батеријата за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.

Како да ја преземете датотеката за ажурирање на фирмверот:

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_CAMAS30V300.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

Инсталирај

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на фирмверот верзија 3.00 за HDR-AS30V.

Чекор 1: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_CAMAS30V300.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Се јавува [Update_CAMAS30V300].
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Софтверот за ажурирање на фирмверот) започнува.



  7. Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Напомена: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  8. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 2 (Слика 2). Белешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
    Слика 1Слика 2

  9. Откако ќе ги потврдите екраните за Figures 1 and 2 (Слика 1 и 2), кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  10. Откако ќе потврдите дека Current Version (Тековна верзија) е Вер. 2.00 или постара, кликнете Next (Следно).

    Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.3.00] (Верзија 3.00), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фотоапаратот.
    Слика 3

  11. Се појавува екранот за Figure 4 (Слика 4).

    Слика 4


  12. Притиснете го копчето [ENTER] (ВНЕСИ) за повторно поставување на фотоапаратот.


    Напомена: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на повеќефункциското копче [Multi-selector]. Продолжете на следниот чекор.

  13. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 4 (Слика 4)).
  14. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 5 (Слика 5).
  15. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.

    Слика 5


  16. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 6 (Слика 6). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 6


  17. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и повторно вклучете го фотоапаратот.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 3.00.

  1. Приснете го копчето NEXT (СЛЕДНО) за да се прикаже [SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ)], а потоа притиснете на копчето ENTER (ВНЕСИ).
  2. Притиснете го копчето NEXT (СЛЕДНО) за да се прикаже [Wi-Fi] (Безжична мрежа), а потоа притиснете на копчето ENTER (ВНЕСИ).
  3. Притиснете го копчето NEXT (СЛЕДНО) за да се прикаже [MULTI]. Доколку се прикаже [MULTI], верзијата на фирмверот е верзија 3.00.