Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на HDR-AS300 верзија 1.01 (Windows)
Поддршка за Android 8 за функцијата за Remote Power on (Вклучување преку далечински управувач) со користење на PlayMemories Mobile
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- HDR-AS300
За ова преземање
Предности и подобрувања
- Поддршка за Android 8 за функцијата за Remote Power on (Вклучување преку далечински управувач) со користење на PlayMemories Mobile
- Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на HDR-AS300 верзија 1.01 (Windows)
Верзија на датотека
- 1.01
Големина на датотека
- 213 МБ (223 481 000 бајти)
Датум на издавање
- 29/05/2018
Подготовка
Проверете ја верзијата на системски софтвер
Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е 1.01, не е потребно ажурирање.
Притиснете го копчето за НАГОРЕ или копчето за НАДОЛУ за да изберете [MENU] (Мени) - [SETUP] (Поставување) - [Ver.] (Верзија), па притиснете го копчето REC/ENTER.
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер на објективот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
- Windows® 10
- Windows® 8.1
- Windows® 7 SP1
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
- Простор на тврдиот диск: 500 МБ или повеќе
- РАМ: 512 МБ или повеќе
Забелешка: Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер. - Извор на енергија за фотоапаратот
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-BX1
Напомена: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува
(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-BX1
- УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Преземи
Важно известување
- Препорачуваме да користите целосно наполнет комплет со батерија на полнење NP-BX1.
- За време на ажурирањето, не отстранувајте ја батеријата; затоа што ненадејната загуба на напојувањето може да предизвика фотоапаратот да не работи.
- Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот однапред.
- Спречете го компјутерот да помине во режим на спиење.
- Не поврзувајте го фотоапаратот со ниту еден друг уред освен со компјутерот.
Како да го преземете ажурирањето
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download] (Преземи) подолу.
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_HDRAS300V101.exe].
- Зачувајте ја датотеката на десктопот на компјутерот (препорачано).
Напомена за корисниците на Windows 8.1/10:
Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката Работна површина од почетниот екран и најдете ја преземената датотека во папката Преземања користејќи го Explorer.
Инсталирај
Чекор 1: Вклучете ја Програмата за ажурирање
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Кликнете двапати на датотеката [Update_HDRAS300V101.exe] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фото апаратот во оваа фаза.
- System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) се активира.

- Вклучете го фотоапаратот.
- Според упатствата во прозорецот на System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер), поврзете го фотоапаратот со компјутерот преку доставениот USB-кабел.
Забелешка: Ако компјутерот не може да го пронајде фотоапаратот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката „Could not find the camera for this update“. (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Ве молиме обидете се со следново:- Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
- Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
- Потврдете дека
се прикажува на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот. - Откако ќе го потврдите горното, кликнете Next (Следно) на System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер).
Истовремено, на LCD-екранот од фотоапаратот, ќе се појави пораката „Follow computer instructions“ (Следи ги упатствата од компјутерот). - Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фото апаратот додека не заврши ажурирањето на системскиот софтвер. - Откако ќе потврдите дека [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.00] (Верзија 1.00), кликнете [Next] (Следно).
Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.01] (Верзија 1.01), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фото апаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фото апаратот.
Потребно е ажурирање
Не е потребно ажурирање
- Кликнете Next (Следно). Ќе се појави следниот екран.

- По автоматското ресетирање, се прикажува екранот подолу.
За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 15 минути).
Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фото апаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето - Откако ажурирањето ќе заврши, ќе се прикаже екранот подолу. Фотоапаратот ќе се престартува автоматски, а тоа може да потрае неколку минути. Почекајте додека на LCD-екранот од фотоапаратот не се појави истиот екран што се појави пред да започнете со ажурирањето на софтверот.
Кога екранот ќе се појави, притиснете го копчето [Finish] (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.
Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на уредот е верзија 1.01.
Притиснете го копчето за НАГОРЕ или копчето за НАДОЛУ за да изберете [MENU] (Мени) - [SETUP] (Поставување) - [Ver.] (Верзија), па притиснете го копчето REC/ENTER.
(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.




