Ажурирање на фирмверот на верзија 2.00 за RM-LVR2 (Windows)
Додајте нови карактеристики на далечинскиот управувач.
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- RM-LVR2
За ова преземање
- Име: Ажурирање на фирмверот на верзија 2.00 за RM-LVR2 (Windows)
- Датум на издавање:06/03/2015
- Предности и подобрувања:
- Додаден е режимот "Loop recording" (Непрекинато снимање на сервер) во поставките на режимот за фотографирање *1
- Во поставките на фотоапаратот се додадени следниве карактеристики *1
- Додадена е поставка за квалитетот на сликата *2
- Додадена е поставка за формат на филм *2
- Променета е поставката за денско зачувување на времето (летно време) за датумот и времето/подрачјето
- Променета е временската зона на некои подрачја
*1: Достапно само со компатибилни фотоапарати (вклучувајќи ги и FDR-X1000V и HDR-AS200V).
*2: Достапно само со компатибилни фотоапарати (вклучувајќи го и FDR-X1000V).
Погледнете во Водичот за работа за да дознаете како да ги користите новите функции.
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
- Windows(r) Vista* SP2
- Windows(r) 7 SP1
- Windows(r) 8
- Windows(r) 8.1
Напомени:
* Не е поддржана верзијата Starter.
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
- Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
- РАМ: 512 МБ или повеќе
Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот. - Извор на енергија за далечинскиот управувач.
Напомена:Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува
(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија. - УСБ-кабел доставен со далечинскиот управувач.
Напомена:Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Преземи
Важни забелешки:
- Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнета батерија.
Како да ја преземете датотеката за ажурирање на фирмверот:
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_RMLVR2V200.exe].
- Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).
За корисници на Windows 8:
Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.
Инсталирај
Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на фирмверот верзија 2.00 за RM-LVR2.
Чекор 1: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Кликнете двапати на преземената датотека [Update_RMLVR2V200.exe] за да го стартувате софтверот за ажурирање на фирмверот.

Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот). - Поврзете го далечинскиот управувач на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
Напомена: На ЛЦД-мониторот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
Ако компјутерот не може да го пронајде далечинскиот управувач, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката "Could not find the device for this update." (Не може да се најде далечинскиот управувач за ова ажурирање). Доколку се случи тоа, обидете се со следново.
- Исклучете го и повторно вклучете го УСБ-кабелот.
- Ако компјутерот има повеќе УСБ-приклучоци, обидете се со другите приклучоци. Компјутерот веројатно има некои УСБ-приклучоци на задната страна.
Понекогаш кога далечинскиот управувач е поврзан со компјутерот преку УСБ-кабел, на екранот од компјутерот може да се појави порака за престартување на компјутерот. Во овој случај, извадете го уредот, престартувајте го компјутерот и следете ги постапките од "2. Start up Firmware Updater" (Стартување на програмата за ажурирање на фирмверот). - На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконата
"Safely Remove Hardware" (Отстранете го хардверот безбедно). - Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот се појавува Figure 2 (Слика 2).
Напомена: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го далечинскиот управувач додека не заврши постапката за ажурирање.Слика 1 Слика 2 

- Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете [Next] (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
- Откако ќе потврдите дека Current Version (Тековна верзија) е постара од [2.00], кликнете [Next] (Следно).
Ако на екранот се појави Figure 4 (Слика 4), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши)
Слика 3: Потребно е ажурирање.
Слика 4: Не е потребно ажурирање.
- Кликнете на иконата
"Safely Remove Hardware" (Отстранете го хардверот безбедно) на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската како што е прикажано на слика 5 .
Напомена: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
Слика 5
- Притиснете го копчето [REC/ENTER] за повторно поставување на далечинскиот управувач.

- Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 5 (Слика 5)).
- По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на далечинскиот управувач и ќе се појави екранот на Figure 6 (Слика 6).
- Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
Напомена: Никогаш не исклучувајте го далечинскиот управувач ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето
Слика 6
- Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 7 (Слика 7). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
Слика 7
- Исклучете го далечинскиот управувач и вклучете го повторно.
Чекор 2: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот далечински управувач е верзија 2.00.
- Притиснете го копчето MENU за да изберете [Remote Control Setting], а потоа притиснете го копчето [REC/ENTER]
- Изберете [Version] (Верзија) и притиснете го копчето [REC/ENTER]. На екранот ќе се прикаже тековната верзија на системскиот софтвер. Доколку се појави "2.00" (како што е прикажано подолу), тогаш верзијата на фирмверот е верзија 2.00.

(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.









