Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • RM-LVR2

За ова преземање

  • Име: Ажурирање на фирмверот на верзија 2.00 за RM-LVR2 (Mac)
  • Датум на издавање:06/03/2015
  • Предности и подобрувања:
    • Додаден е режимот "Loop recording" (Непрекинато снимање на сервер) во поставките на режимот за фотографирање *1
    • Во поставките на фотоапаратот се додадени следниве карактеристики *1
    • Додадена е поставка за квалитетот на сликата *2
    • Додадена е поставка за формат на филм *2
    • Променета е поставката за денско зачувување на времето (летно време) за датумот и времето/подрачјето
    • Променета е временската зона на некои подрачја


    • *1: Достапно само со компатибилни фотоапарати (вклучувајќи ги и FDR-X1000V и HDR-AS200V).
      *2: Достапно само со компатибилни фотоапарати (вклучувајќи го и FDR-X1000V).
      Погледнете во Водичот за работа за да дознаете како да ги користите новите функции.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниве верзии на Macintosh:
  • Mac OS X верзија 10.7 ~ 10.10

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Процесор: Процесор Intel *
    * Процесорите Core Solo и Duo не се повеќе поддржани.
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за далечинскиот управувач.
    Напомена:Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.
  • УСБ-кабел доставен со далечинскиот управувач.
    Напомена:Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнета батерија.

Како да ја преземете датотеката за ажурирање на фирмверот:

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_RMLVR2V2.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

Инсталирај

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на фирмверот верзија 2.00 за RM-LVR2.

Чекор 1: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_RMLVR2V2.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го далечинскиот управувач во оваа фаза.
  3. Се јавува [Update_RMLVR2V2].
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



    Напомена: може да се појави предупредувачка порака за потврдување на идентитетот кога ќе кликнете двапати на [FirmwareUpdater].

    Во тој случај кликнете OK (Во ред) за да ја затворите пораката. Потоа, додека притискате на копчето [Control], кликнете на иконата [FirmwareUpdater]. Изберете [Open] (Отвори) во менито. Изберете [Open] (Отвори) кога ќе се појави пораката за предупредување.
  6. Firmware Updater (Софтверот за ажурирање на фирмверот) започнува.



  7. Поврзете го далечинскиот управувач на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Напомена: На ЛЦД-мониторот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  8. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот се појавува Figure 2 (Слика 2). Напомена: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го далечинскиот управувач додека не заврши постапката за ажурирање.
    Слика 1Слика 2

  9. Откако ќе ги потврдите екраните за Figures 1 and 2 (Слика 1 и 2), кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  10. Откако ќе потврдите дека [Current version] (Тековна верзија) е постара од [2.00], кликнете [Next] (Следно).

    Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.2.00] (Верзија 2.00), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши)
    Слика 3

  11. Се појавува екранот за Figure 4 (Слика 4).

    Слика 4


  12. Притиснете го копчето [REC/ENTER] за повторно поставување на далечинскиот управувач.



  13. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 4 (Слика 4)).
  14. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на далечинскиот управувач и ќе се појави екранот на Figure 5 (Слика 6).
  15. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го далечинскиот управувач ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.

    Слика 5


  16. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 6 (Слика 6). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 6


  17. Исклучете го далечинскиот управувач и вклучете го повторно.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот далечински управувач е верзија 2.00.

  1. Притиснете го копчето MENU за да изберете [Remote Control Setting], а потоа притиснете го копчето [REC/ENTER]
  2. Изберете [Version] (Верзија) и притиснете го копчето [REC/ENTER]. На екранот ќе се прикаже тековната верзија на системскиот софтвер. Доколку се појави "2.00" (како што е прикажано подолу), тогаш верзијата на фирмверот е верзија 2.00.