Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на RM-LVR3 верзија 2.01 (Windows)
Ја подобрува целосната стабилност на уредот
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- RM-LVR3
За ова преземање
Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање
- Ја подобрува целосната стабилност на уредот
Претходни придобивки и подобрувања
- Карактеристиките на Mirror Mode (Огледален режим) се додадени на поставувањата за далечинскиот управувач
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на RM-LVR3 верзија 2.01 (Windows)
Верзија на датотека
- 2.01
Големина на датотека
- 114 МБ (120 192 808 бајти)
Датум на издавање
- 29/05/2018
Подготовка
Проверете ја верзијата на системски софтвер
Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е 2.01, не е потребно ажурирање.
- Притиснете го копчето MENU (Мени) за да изберете [Remote control setting] (Поставување на далечинскиот управувач),
и притиснете го копчето REC/ENTER. - Изберете [Ver.] (Верзија), па притиснете го копчето REC/ENTER. Се прикажува верзијата на системскиот софтвер.

Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
- Windows® 10
- Windows® 8.1
- Windows® 7 SP1
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
- Простор на хард диск: 500 MB или повеќе
- RAM: 512 MB или повеќе
Забелешка: Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер. - Извор на напојување за уредот. Уредот што е целосно наполнет.
Забелешка: ажурирањето може да се изврши само кога преостанатото ниво на батеријата е
(четири црти) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија. - Држач и USB-кабел доставени со уредот.
Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.
Преземи
Важно известување
- Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер, користете целосно наполнет уред.
- Не исклучувајте го уредот за време на ажурирањето. Во спротивно, уредот може да не работи поради ненадејно исклучување на напојувањето.
- Спречете го компјутерот да помине во режим на спиење.
Како да ја преземете апликацијата за ажурирање:
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_RMLVR3V201.exe].
- Зачувајте ја датотеката на десктопот на компјутерот (препорачано).
Напомена за корисниците на Windows 8.1/10:
Со стандардните поставувања на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката Desktop (Работна површина) од почетниот екран и најдете ја преземената датотека во папката Downloads (Преземања) користејќи го Explorer.
Инсталирај
Чекор 1: Вклучете ја Програмата за ажурирање
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Кликнете двапати на датотеката [Update_RMLVR3V201.exe] што сте ја презеле. - Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
- System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) се активира.

- Поврзете го уредот со компјутерот.
- Поврзете го уредот на компјутерот со приложените држач и USB-кабел

На LCD-екранот од уредот се појавува „USB Mode“ (USB-режим).
Ако компјутерот не може да го пронајде уредот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката „Could not find the device for this update." (Не може да се најде уредот за ова ажурирање). Доколку се случи тоа, обидете се со следново.- Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
- Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
- Во овој момент, потврдете дека
се прикажува на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот. - Откако ќе го потврдите горното, кликнете Next (Следно) на System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер).
Екран на компјутерот
LCD-екран на уредот
Забелешка: Отсега па натаму, никогаш не исклучувајте го уредот додека не заврши ажурирањето на системскиот софтвер.
- Поврзете го уредот на компјутерот со приложените држач и USB-кабел
- Проверете дали е потребно ажурирање
- Откако ќе ги потврдите екраните од горенаведените чекори, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по надградбата.
Потребно е ажурирање
Ако се појави екранот прикажан подолу, тогаш не е потребна надградба. Според пораката, запрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши).
- Откако ќе потврдите дека [Current version] (Тековната верзија) е „Ver.2.00 (Верзија 2.00) или постара“, кликнете Next (Следно).

- Откако ќе ги потврдите екраните од горенаведените чекори, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по надградбата.
- По автоматското ресетирање, се прикажува екранот подолу.
За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
Забелешка: Никогаш не исклучувајте го уредот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето - Откако ажурирањето ќе заврши, ќе се прикаже екранот подолу. Уредот ќе се престартува автоматски, а тоа може да потрае неколку минути. Почекајте додека на LCD-екранот не се појави истиот екран што се појави пред да започнете со ажурирањето на софтверот.
Кога екранот ќе се појави, притиснете го копчето [Finish] (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.
Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на уредот е верзија 2.01.
- Притиснете го копчето MENU (Мени) за да изберете [Remote control setting] (Поставување на далечинскиот управувач),
и притиснете го копчето REC/ENTER. - Изберете [Ver.] (Верзија), па притиснете го копчето REC/ENTER. Се прикажува верзијата на системскиот софтвер.

и притиснете го копчето REC/ENTER.
(четири црти) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија. 









