Системски софтвер верз.1.10 за FDR-X1000V (Mac)
Фото апаратот сега може да снима во формат XAVC S, компатибилен со картичките SDHC и SDXC
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- FDR-X1000V
За ова преземање
- Име:
Ажурирање за системски софтвер верз.1.10 за FDR-X1000V (Mac) - Датум на издавање:26/04/2016 г.
- Предности и подобрувања
Фото апаратот сега може да снима во формат XAVC S, компатибилен со картичките SDHC и SDXC
*Кога се снимаат филмови во формат XAVC S, потребна е SD-картичка со класа на брзина 10 или UHS-картичка со класа на брзина U1 или побрза. (Кога се снима со брзина од 100 Mbps или повеќе, потребна е UHS-картичка со класа на брзина U3.)
*Кога се користи мемориска картичка SDHC за снимање филмови во XAVC S за подолг временски период, снимените филмови ќе се делат во датотеки од 4 GB. Поделените датотеки може да се интегрираат во една датотека со користење на PlayMemories Home.
Системски побарувања
Оперативни системи
- Mac OS X верзија 10.9 ~ 10.11
Компјутерски хардвер
- Простор на тврдиот диск: 500 МБ или повеќе
- РАМ: 512 МБ или повеќе
Note:Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер. ред ажурирањето на фирмверот. - Извор на енергија за фотоапаратот
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-BX1 или адаптер
- УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Преземи
Важни забелешки:
Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-BX1 или AC адаптер. - Не вадете ја батеријата за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
- Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
Процесот на ажурирање на системскиот софтвер трае околу 15 минути. Препорачуваме да го спречите компјутерот да влезе во режим на спиење или хибернација. Во случај компјутерот да влезе во режим на спиење или хибернација (прекинувајќи го ажурирањето), престартувајте го целиот процес од почеток.
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_FDRX1000VV110.dmg].
- Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).
Инсталирај
Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на системскиот софтвер верз.1.10 за FDR-X1000V.
Чекор 1: Активирајте го System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер)
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Кликнете двапати на датотеката [Update_FDRX1000VV110.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фото апаратот во оваа фаза.
- Се јавува [Update_FDRX1000VV110].
- Кликнете двапати на иконата [SystemSoftwareUpdater] (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).

- За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за администраторска сметка.

- System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) ќе се активира.

- Претходно извадете ја мемориска картичка од фото апаратот. Поврзете го фото апаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел.
На LCD-екранот од фото апаратот се појавува „USB Mode“ (УСБ-режим). - Откако ќе го потврдите LCD-екранот на фото апаратот, кликнете [Next] (Следно) На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето.

- Откако ќе потврдите дека [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.00] (Верзија 1.00), кликнете [Next] (Следно).
Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.10] (Верзија 1.10), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фото апаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фото апаратот. - Ќе се појави екранот подолу.

- По автоматското ресетирањето, ќе се појави екранот подолу и ажурирањето започнува. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 15 минути).

Забелешка: никогаш не исклучувајте го фото апаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето. - Кога ажурирањето е завршено, фото апаратот ќе се рестартира автоматски. Проверете дали е исклуче фото апаратот и почекајте додека повторно не се појави LCD-екранот. Кликнете [Finish] (Заврши) кога ќе се појави LCD-екранот и исклучете го USB-кабелот.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на вашиот фото апарат е верз.1.10.
- Притиснете го копчето NEXT (СЛЕДНО) или копчето PREV (ПРЕТХОДНО) за да изберете [SETUP] (ПОСТАВУВАЊЕ) - [CONFG] (КОНФИГУРАЦИЈА) - [VER.] (ВЕРЗИЈА), а потоа притиснете го копчето ENTER (ВНЕС). Ако се прикаже верз.1.10, тогаш верзијата на системскиот софтвер е верз.1.10.







