Зошто е потребно управување со бојата?

  1. Бојата е човечка перцепција. Очите (и мозокот) забележуваат спектрални информации кои се користат како основа за чувството за боја. Зелената, портокаловата или жолтата боја, на пример, се само термини, но не ги опишуваат спектралните компоненти на светлината што се одбива од предметот.

    Затоа е потребен некаков јазик на боите за да се опишат спектралните компоненти на одредена боја што е неспорно меѓу луѓето (пример за тоа би биле небесно сина, темно сина, океанска сина или бледо сина. Треба да се креира јазик којшто ги опишува сите бои видливи за човекот на компјутерски разбирлив начин.

    Овој јазик се нарекува Lab (Лабораторија), каде L (Л) значи светлина, а буквите a (а) и b (б) претставуваат компоненти на боите. Со Lab е можно да се опишат боите многу точно. Подоцна ќе се осврнеме подетално на Lab.

    Бидејќи секој уред има свој единствен начин за обработка на боите, постои стандарден начин за опишување на карактеристична боја на секој уред. Ова помага да се пренесе точна информација за бојата од еден уред на друг во текот на целиот работен процес.

    Дигиталните фотоапарати, мониторите и мастилните печатачи веројатно се најдобри познати компоненти во работниот процес на дигитални слики. Но, знаевте ли дека софтверот е најзначаен дел од работниот процес?

  2. Што е управување со бојата?

    Управување со бојата го опишува целиот систем во компјутерот којшто се користи за прецизна комуникација со боите помеѓу хардверот и софтверот. Се користи за да се опишат влезните карактеристики на Вашиот фотоапарат за контролирање на екранот на сликата од мониторот или да се постави точен отпечаток на она што го гледате на мониторот. Исто така, неопходно е да се пренесат сликите од еден на друг софтвер без недоразбирања во однос на бојата.

    Управувањето со бојата е можно со Microsoft Windows и Apple Mac OS X. Има долго минато со растечките можности за секоја нова верзија оперативни системи.

    Треба да се објаснат неколку работи за полесно да се разбере управувањето со боите.

    Профил

    Профилот може да се спореди со мало знакче ставено во секоја слика и секој уред за слики. Овие знаци ја опишуваат специфичната боја во RGB (за црвена, зелена и сина) и во јазикот на управување со бојата. На тој начин компјутерот и софтверот што значат реалните бои (во Lab) како RGB-вредности на дигитална слика.

    Понатаму, профилите можат да содржат CMYK-вредности наместо RGB-вредности (на пример за офсет печатење). Бидејќи се осврнуваме на pure (чист) RGB-работен тек, нема да се фокусираме на CMYK-палетата во овој текст.

    Color Space (Спектар на бои)

    Секој тип камера има свој начин на гледање на боите, како што секој тип монитор има свој начин на прикажување на боите. Исто така, печатачите имаат свој опсег на бои за печатење што зависи од типот, мастилото и хартијата. Овој опсег на бои се нарекува спектар на бои. Спектарот на бои ги опишува сите бои коишто може да ги обработи еден уред за слики.

    Најчестиот спектар на бои е sRGB. Тој го опишува просечниот спектар на бои што може да се прикаже на стандарден монитор. Повеќето дигитални фотоапарати можат да фотографираат во спектар на бои sRGB, а, исто така, и повеќето печатачи можат правилно да печатат слики во sRGB. Сепак, постојат пошироки спектри како што се ProPhoto RGB, Adobe RGB 1998, Wide Gamut RGB.

    Овие спектри се користат кога е потребен највисок квалитет. Сепак, sRGB е вистински избор за повеќето намени.

    Слика 1: Споредба помеѓу sRGB (внатре, во боја) и Adobe RGB (надвор, рамка од контури)

    Профилите можат да бидат вметнати во сликите, што е неопходно за комуникација меѓу боите кај апликациите со слики. Без вграден профил, апликацијата не препознава кои реални бои ги содржи датотеката бидејќи naked (голите) RGB-броеви немаат никаква врска со Labvalues (Вредностите од Lab).

    Алфа-фотоапаратите од Sony можат да фотографираат и во sRGB и во Adobe RGB-режим. Ако сте го поставиле фотоапаратот да фотографира во Adobe RGB, тоа јасно се гледа на екранот од фотоапаратот. Покрај тоа, сликите фотографирани во Adobe RGB можат да се препознаат по тоа што имаат _ на почетокот од името на датотеката (на пример: image1234.jpg в†' sRGB; _image1234.jpg в†' AdobeRGB) Ако сè уште не сте сигурни кој спектар на бои сте го одбрале за фотографирање, можете да видите во информациите за EXIF (Променлив формат на слики).

    Color Management (Управување со боите) кај Sony Image Data Converter SR (IDC SR)

    Треба да поставите само неколку опции за постигнување фин работен тек со управувањето на боите. Ве молиме одберете settings (поставки) во менито и отворете го дијалог-прозорецот за управување со боите. Можете да го одберете работниот спектар на бои во горниот дел: Ако одберете sRGB, Adobe RGB или Wide Gamut RGB, IDC SR секогаш ќе прикажува обработени слики во саканиот спектар на бои. Ако се одбрани camera settings (поставки на фотоапаратот), IDC SR ќе го искористи работниот спектар којшто е поставен во фотоапаратот. Не може да биде ниту sRGB ниту Adobe RGB.

    Под работниот спектар ќе ги најдете поставките за бојата за Вашиот монитор. Изборот ќе има силно влијание врз изгледот на сликите во IDC SR, па треба да внимавате на тоа и, одвреме-навреме, да проверувате дали поставките се во ред. Ако немате инсталирано одреден профил на мониторот на Вашиот компјутер, тогаш одберете sRGB.

    Во случај мониторот да е доставен со генерички профил на приказот, Ве молиме инсталирајте го овој профил во оперативниот систем и отпосле одберете го во other monitor profile (друг профил на монитор).

    За високопрофесионален работен тек, неопходно е да се калибрира мониторот (и печатачот). Исто така, во делот за профил на мониторот во менито за управување со боите можат да се изберат индивидуални профили на мониторот креирани од други решенија за управување со боите.

    Ако калибрацијата е правилно направена и во менито е одбран саканиот профил, може да се постигне многу веродостоен квалитет на бојата на екранот во Image Data Converter.

    Правилно прикажување на боите во различни софтвери за слики

    Ако сакате да работите со дополнителен софтвер за слики од други производители, уверете се дека Вашите поставки за управување со боите соодветствуваат со оние поставени во Image Data Converter за да добиете екран со правилни бои!