Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • SLT-A99
  • SLT-A99V

За ова преземање

  • Име:Ажурирање на фирмверот на верзија 1.02 за SLT-A99 (Macintosh)
  • Датум на издавање:27/08/2013
  • Benefits and improvements
    • Дополнување на режимот на истовремен ХДМИ-излез: за време на подготвеност за снимање филм, фотоапаратот ќе може да прикажува течно видео од 50 fps на надворешниот монитор поврзан преку ХДМИ и на ЛЦД-екранот од фотоапаратот.
      Забелешка: фотоапаратот треба да биде во режим за филм (Movie), а [HDMI Info. Display] (екранот ХДМИ-инфо.) треба да биде [Off] (Исклучено).

Следниве предности и подобрувања од претходната програма за ажурирање се вклучени во верзијата 1.02:

  • Дава поддршка за следниве компатибилни фотоапарати со функцијата „Dual AF“: SAL24F20Z, SAL85F14Z, SAL135F18Z, SAL70300G, SAL70200G, SAL35F14G, SAL1635Z, SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL300F28G, SAL70400G2, SAL50F14Z
  • Обезбедува поддршка за следниве компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL18200, SAL20F28, SAL28F28

Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.02 или понова, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
  • Windows® Vista* SP2
  • Windows® 7 SP1
  • Windows® 8
    Забелешки:
    * Не е поддржана верзијата Starter.

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќ��
    Забелешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно)
      Забелешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наи��менична струја AC-PW10AM (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-FM500H или адаптер AC-PW10AM (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Не покривајте ги сензорите на окуларот за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD].
  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитај��е го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согластете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_SLTA99V102.exe] (78.9 MB (82.755.672 bytes)).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).

Инсталирај

Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапа��и на преземената датотека [Update_SLTA99V102.exe] за да го започнете софтверот за ажурирање на фирмверот.


    Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот).

  3. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  4. Извадете ја мемориската картичка од фотоапаратот ако претходно не сте ја извадиле.
  5. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Забелешка: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  6. На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконата "Safely Remove Hardware (Отс��ранете го хардверот безбедно)".
  7. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 2 (Слика 2).
    • Кога ќе кликнете Next (Следно), не покривајте ги сензорите на окуларот ( на Figure 2.1 (Слика 2.1)) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] ( на Figure 2.1 (Слика 2.1)).
    • Ако Figure 2 (Слика 2) не се појавува на ЛЦД-екранот од фотоапаратот, исклучете го УСБ-кабелот од фотоапаратот и постапете со "Recovery procedure (Постапка за обновување)" опишана на дното од страницата.
    Забелешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
    Слика 1Слика 2
    Слика 2.1

  8. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  9. Откако ќе потврдите дека Current Version (Тековна верзија) е Ver.1.01 or lower, кликнете Next (Следно).
    Ако на екранот се појави, Figure 4 (Слика 4), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
    Слика 3: Потребно е ажурирање.

    Слика 4: Не е потребно ажурирање.

  10. Кликнете на иконата "Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)" на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската како што е прикажано на слика 5 .
    Забелешка: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
    Слика 5

  11. Притиснете го повеќефункциското копче [Multi-selector] за повторно поставување на фотоапаратот.

    Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на повеќефункциското копче [Multi-selector]. Продолжете на следниот чекор.
  12. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 5 (Слика 5)).
  13. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 6 (Слика 6).
  14. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.
    Слика 6

  15. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 7 (Слика 7). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
    Слика 7

  16. Искл��чете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.02.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Постапка за обновување

Ако УСБ-по��рзувањето не е успешно, следете ги упатствата подолу:

  1. ВКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот.
  2. Притиснете ги истовремено копчињата MENU (МЕНИ), Playback (репродуцирај) и MOVIE (ФИЛМ).
  3. ИСКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот додека притискате на овие копчиња.
  4. Отпуштете ги прстите и почекајте повеќе од 30 секунди.
  5. Повторно притиснете ги истовремено копчињата MENU (МЕНИ), Playback (репродуцирај) и MOVIE (ФИЛМ).
  6. Сега ВКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот додека притискате на овие копчиња.
  7. Отпушт��те ги прстите.

Откако ќе ја завршите оваа погоре наведената постапка, обидете се да ажурирате повторно почнувајќи од Step 2.3 (Чекор 2.3).