Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • SLT-A99
  • SLT-A99V

За ова преземање

  • Име:Ажурирање на фирмверот на верзија 1.02 за SLT-A99 (Macintosh)
  • Датум на издавање:27/08/2013
  • Benefits and improvements
    • Дополнување на режимот на истовремен ХДМИ-излез: за време на подготвеност за снимање филм, фотоапаратот ќе може да прикажува течно видео од 50 fps на надворешниот монитор поврзан преку ХДМИ и на ЛЦД-екранот од фотоапаратот.
      Забелешка: фотоапаратот треба да биде во режим за филм (Movie), а [HDMI Info. Display] (екранот ХДМИ-инфо.) треба да биде [Off] (Исклучено).

Следниве предности и подобрувања од претходната програма за ажурирање се вклучени во верзијата 1.02:

  • Дава поддршка за следниве компатибилни фотоапарати со функцијата „Dual AF“: SAL24F20Z, SAL85F14Z, SAL135F18Z, SAL70300G, SAL70200G, SAL35F14G, SAL1635Z, SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL300F28G, SAL70400G2, SAL50F14Z
  • Обезбедува поддршка за следниве компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL18200, SAL20F28, SAL28F28

Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.02 или понова, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниве верзии на Macintosh:
  • Mac OS X верзија 10.5 ~ 10.10

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Процесор: процесор Intel*
    * повеќе не се поддржани процесорите Core Solo и Core Duo.
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Забелешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно)
      Забелешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-FM500H или адаптер AC-PW10AM (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Не покривајте ги сензорите на окуларот за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD].
  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното ��д страницата и согластете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_SLTA99V102.dmg] (87.4 MB (91.727.631 bytes)).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).

Инсталирај

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_SLTA99V102.dmg] што сте ја презеле. Не пов��зувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Кликнете двапати на иконата [Update_SLTA99V102] што се наоѓа на работната површина.
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Програмата за ажурирање на фирмверот) започнува.



  7. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  8. Извадете ја мемориската картичка од фотоапаратот ако претходно не сте ј�� извадиле.
  9. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Забелешка: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  10. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 2 (Слика 2).
    • Кога ќе кликнете Next (Следно), не покривајте ги сензорите на окуларот (Figure 2.1 (Слика 2.1)) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (Figure 2.1 (Слика 2.1)).
    • Ако Figure 2 (Слика 2) не се појавува на ЛЦД-екранот од фотоапаратот, исклучете го УСБ-кабелот од фотоапаратот и постапете со "Recovery procedure (Постапка за обновување)" опишана на дното од страницата.
    Забелешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката ��а ажурирање.
    Слика 1Слика 2
    Слика 2.1

  11. Откако ќе ги потврдите екраните за Figures 1 and 2 (Слика 1 и 2), кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  12. Откако ќе потврдите дека [Current version (Тековна верзија)], е [Ver.1.01 или постара], кликнете Next (Следно).

    Ако [Current version (Тековна верзија)] е [Ver.2 (Верзија 1.02)], не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
    Слика 3

  13. Се појавува екранот за Figure 4 (Слика 4).

    Слика 4


  14. Притиснете го повеќефункциското копче [Multi-selector] за повторно поставување на фотоапаратот.


    Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на повеќефункциското копче [Multi-selector]. Продолжете на следниот чекор.

  15. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 4 (Слика 4)).
  16. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 5 (Слика 5).
  17. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.

    Слика 5


  18. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 6 (Слика 7). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 6


  19. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.02.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.