За ова преземање

За ова ажурирање (05/02/2013 г.)

Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.

Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди ажурирање на фирмверот за променливиот објектив на дигиталниот фотоапарат SLT-A65. Проверете во делот "Преземање и инсталирање" од оваа страница за информации како да го преземете и инсталирате ажурирањето на фирмверот.

Важно:

Ако имате некаков проблем со ажурирањето на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony



Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.07 или понова, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Модели на кои се однесува

Ова ажурирање на фирмверот се однесува само на SLT-A65 кој моментално има верзија 1.06 или постара

Подобрувања

Оваа услужна програма го ажурира фирмверот SLT-A65 на верзијата 1.07 и ги обезбедува следниве предности:

  • Обезбедува поддршка за следниве компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL18200, SAL20F28, SAL28F28

Претходното ажурирање (1.06) ги донесе следниве подобрувања:

  1. Додавање можност за овозможување или оневозможување на копчето MOVIE (Филм)
  2. Проширен е бројот на компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL30M28,SAL50F14,SAL2470Z,SAL2875,SAL70400G,SAL70200G,SAL35F14G,SAL1635Z

Системски побарувања

Подготовка за ажурирање на фирмверот

  • Компјутерски хардвер
    • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
    • РАМ: 512 МБ или повеќе
      Забелешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно)
      Забелешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична стру��а AC-PW10AM (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Инсталирај

Важни забелешки:

  • кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-FM500H или адаптер AC-PW10AM (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Не покривајте ги сензорите на окуларот (A.) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B.).

Чекор 1: Преземете го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согластете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_SLTA65V107.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).

Чекор 2: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_SLTA65V107.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Кликнете двапати на иконата [Update_SLTA65V107.dmg] што се наоѓа на работната површина.
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Програмата за ажурирање на фирмверот) започнува.



  7. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  8. Извадете ја меморискат�� картичка од фотоапаратот ако претходно не сте ја извадиле.
  9. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Забелешка: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  10. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 2 (Слика 2).
    • Кога ќе кликнете Next (Следно), не покривајте ги сензорите на окуларот (A. на Figure 2.1 (Слика 2.1)) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B. на Figure 2.1 (Слика 2.1)).
    • Ако Figure 2 (Слика 2) не се појавува на ЛЦД-екранот од фотоапаратот, исклучете го УСБ-кабелот од фотоапаратот и постапете со "Recovery procedure (Постапка за обновување)" опишана на дното од страницата.
    Забелешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
    Слика 1Слика 2
    Слика 2.1

  11. Откако ќе ги потврдите екраните за Figures 1 and 2 (Сл��ка 1 и 2), кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  12. Откако ќе потврдите дека [Current version (Тековна верзија)], е [Верзија 1.02] [Верзија 1.03] [Верзија 1.04] [Верзија 1.05] или [Верзија 1.06], кликнете Next (Следно).

    Ако [Current version (Тековна верзија)] е [Ver.2 (Верзија 1.06)], не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
    Слика 3

  13. Се појавува екранот за Figure 4 (Слика 4).

    Слика 4


  14. Притиснете го повеќефункциското копче [Control button] за повторно поставување на фотоапаратот.


    Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне ц��нтарот на повеќефункциското копче [Control button]. Продолжете на следниот чекор.

  15. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 4 (Слика 4)).
  16. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 5 (Слика 5).
  17. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.

    Слика 5


  18. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 6 (Слика 7). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 6


  19. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.07.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Постапка за обновување

Ако УСБ-поврзувањето не е успешно, следете ги упатствата подолу:

  1. ВКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот.
  2. Притиснете ги истовр��мено копчињата MENU (МЕНИ), Playback (репродуцирај) и MOVIE (ФИЛМ).
  3. ИСКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот додека притискате на овие копчиња.
  4. Отпуштете ги прстите и почекајте повеќе од 30 секунди.
  5. Повторно притиснете ги истовремено копчињата MENU (МЕНИ), Playback (репродуцирај) и MOVIE (ФИЛМ).
  6. Сега ВКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот додека притискате на овие копчиња.
  7. Отпуштете ги прстите.

Откако ќе ја завршите оваа погоре наведената постапка, обидете се да ажурирате повторно почнувајќи од Step 2.7 (Чекор 2.7).