Ажурирање на фирмвер SLT-A65 верзија 1,04 (Windows)
За ова преземање
За ова ажурирање (05/02/2013 г.)
Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.
Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди ажурирање на фирмверот за променливиот објектив на дигиталниот фотоапарат SLT-A65. Проверете во делот "Преземање и инсталирање" од оваа страница за информации како да го преземете и инсталирате ажурирањето на фирмверот.
Важно:
Ако имате некаков проблем со ажурирањето на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony
Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:
Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.07 или понова, не е потребно ажурирање.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Модели на кои се однесува
Ова ажурирање на фирмверот се однесува само на SLT-A65 кој моментално има верзија 1,03 или постара
Подобрувања
Оваа услужна програма го ажурира фирмверот SLT-A65 на верзијата 1.07 и ги обезбедува следниве предности:
- Обезбедува поддршка за следниве компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL18200, SAL20F28, SAL28F28
Претходното ажурирање (1.06) ги донесе следниве подобрувања:
- Додавање можност за овозможување или оневозможување на копчето MOVIE (Филм)
- Проширен е бројот на компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL30M28,SAL50F14,SAL2470Z,SAL2875,SAL70400G,SAL70200G,SAL35F14G,SAL1635Z
Системски побарувања
Подготовка за ажурирање на фирмверот
- Компјутерски хардвер
- Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
- РАМ: 512 МБ или повеќе
Забелешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
- Извор на енергија за фотоапаратот
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
или
Адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно)
Забелешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува
(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно).
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
- УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Инсталирај
Важни забелешки:
- кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-FM500H или адаптер AC-PW10AM (се продава посебно).
- Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
- Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
- Не покривајте ги сензорите на окуларот (A.) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B.).

Чекор 1: Преземете го софтверот за ажурирање на фирмверот
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согластете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_SLTA65V107.exe].
- Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).
Чекор 2: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Кликнете двапати на преземената датотека [Update_SLTA65V107.exe] за да го започнете софтверот за ажурирање на фирмверот.

Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот). - Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).
- Извадете ја мемориската картичка од фотоапаратот ако претходно не сте ја извадиле.
- Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
Забелешка: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим). - На прозорецот за задачи во долниот десен агол н�� екранот од компјутерот се прикажува иконата
"Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)". - Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 2 (Слика 2).
- Кога ќе кликнете Next (Следно), не покривајте ги сензорите на окуларот (A. на Figure 2.1 (Слика 2.1)) за вр��ме на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B. на Figure 2.1 (Слика 2.1)).
- Ако Figure 2 (Слика 2) не се појавува на ЛЦД-екранот од фотоапаратот, исклучете го УСБ-кабелот од фотоапаратот и постапете со "Recovery procedure (Постапка за обновување)" опишана на дното од страницата.
Слика 1 Слика 2 

Слика 2.1 
- Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
- Откако ќе потврдите дека Current Version (Тековна верзија) е Ver.1.03, Ver.1.04, Ver.1.05 или Ver.1.06 (Верзија 1,06), кликнете Next (Следно).
Ако на екранот се појави, Figure 4 (Слика 4), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
Слика 3: Потребно е ажурирање.
Слика 4: Не е потребно ажурирање.
- Кликнете на иконата
"Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)" на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската како што е прикажано на слика 5 .
Забелешка: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
Слика 5
- Притиснете го контролното копче [Control] за повторно поставување на фотоапаратот.

Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне контролното копче. Продолжете на следниот чекор. - Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 5 (Слика 5)).
- По повторното поставување, ќе се потврди повторното по��рзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 6 (Слика 6).
- Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.
Слика 6
- Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 7 (Слика 7). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
Слика 7
- Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.07.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано под��лу.

Постапка за обновување
Ако УСБ-поврзувањето не е успешно, следете ги упатствата подолу:
- ВКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот.
- Притиснете ги истовремено копчињата MENU (МЕНИ), Playback (репродуцирај) и MOVIE (ФИЛМ).
- ИСКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот додека притискате на овие копчиња.
- Отпуштете ги прстите и почекајте повеќе од 30 секунди.
- Повторно притиснете ги истовремено копчињата MENU (МЕНИ), Playback (репродуцирај) и MOVIE (ФИЛМ).
- Сега ВКЛУЧЕТЕ го фотоапаратот додека притискате на овие копчиња.
- Отпуштете ги прстите.
Откако ќе ја завршите оваа погоре наведената постапка, обидете се да ажурирате повторно почнувајќи од Step 2.3 (Чекор 2.3).

(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно).










