За ова преземање

За ова ажурирање (05/02/2013)

Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.

Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди ажурирање на фирмверот за променливиот објектив на дигиталниот фотоапарат SLT-A57. Проверете во делот "Преземање и инсталирање" од оваа страница за информации како да го преземете и инсталирате ажурирањето на фирмверот.

Важно:

Ако имате некаков проблем со ажурирањето на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony



Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.04 или понова, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Модели на кои се однесува

Ова ажурирање на фирмверот се однесува само на SLT-A57 кој моментално има верзија 1.03 или постара

Подобрувања

Оваа услужна програма го ажурира фирмверот SLT-A57 на верзијата 1.04 и ги обезбедува следниве предности:


поддршка за следниве компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL18200, SAL20F28, SAL28F28

Системски побарувања

Подготовка за ажурирање на фирмверот

  • Компјутерски хардвер
    • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
    • РАМ: 512 МБ или повеќе
      Белешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енерг��ја за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно)

      Белешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW10AM (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

    Белешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Инсталирај

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-FM500H или адаптер AC-PW10AM (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Не покривајте ги сензорите на окул��рот (A.) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B.).

Чекор 1: Преземете го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согластете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_SLTA57V104.exe].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

Чекор 2: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на преземената датотека [Update_SLTA57V104.exe] за да го стартувате софтверот за ажурирање на фирмверот.


    Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот).

  3. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  4. Извадете ја мемориската картичка од фотоапаратот ако претходно не сте ја извадиле.
  5. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Белешка: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим).
  6. На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконата "Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)".
  7. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот о�� Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 4 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 5 (Слика 2).
    • Кога ќе кликнете Next (Следно), не покривајте ги сензорите на окуларот (A. на Figure 6 (Слика 2.1)) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B. на Figure 6 (Слика 2.1)).
    • Ако Figure 5 (Слика 2) не се појавува на ЛЦД-екранот од фотоапаратот, исклучете го УСБ-кабелот од фотоапаратот и постапете со "Recovery procedure (Постапка за обновување)" опишана на дното од страницата.

    Белешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
    Ако компјутерот не може да го пронајде фотоапаратот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката "Could not find the camera for this update." (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Доколку се случи тоа, обидете се со следново. - Исклучете го и повторно вклучете го УСБ-кабелот. - Ако компјутерот има повеќе УСБ-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
    - Исклучете го и повторно вклучете го УСБ-кабелот.
    - Ако компјутерот има повеќе УСБ-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
    Понекогаш кога фотоапаратот е поврзан со компјутерот преку УСБ-кабел, на екранот од компјутерот може да се појави порака за престартување на компјутерот. Во овој случај, извадете ја батеријата или адаптерот од фотоапаратот, престартувајте го компјутерот и следете ги постапките од "2. Start up Firmware Updater" (Стартување на програмата за ажурирање на фирмверот).

    Слика: 4

    Слика: 5

    Слика: 6

  8. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 4 и Слика 5, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 7)
  9. Откако ќе потврд��те дека Current Version (Тековна верзија) е Ver.1.01 (верзија 1.01) или ver.1.02 (верзија 1.02) или Ver.1.03, кликнете Next (Следно).

    Белешка: Ако на екранот се појави Figure 8 (Слика 8), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

    Слика 7: Потребно е ажурирање.


    Слика 8: Не е потребно ажурирање.

  10. Кликнете на иконата "Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)" на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската како што е прикажано на слика 9 .
    Белешка: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
    Слика 9

  11. Притиснете го повеќефункциското копче [Multi-selector] за повторно поставување на фотоапаратот.

    Белешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на повеќефункциското копче [Multi-selector]. Продолжете на следниот чекор.
  12. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 12 (Слика 5)).

  13. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 13 (Слика 5).
  14. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.
    Слика 13

  15. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 14 (Слика 7). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
    Слика 14

  16. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.04.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.