Ажурирање на фирмвер SLT-A57 верзија 1.04 (MAC)
За ова преземање
За ова ажурирање (05/02/2013)
Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.
Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди ажурирање на фирмверот за променливиот објектив на дигиталниот фотоапарат SLT-A57. Проверете во делот "Преземање и инсталирање" од оваа страница за информации како да го преземете и инсталирате ажурирањето на фирмверот.
Важно:
Ако имате некаков проблем со ажурирањето на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony
Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:
Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.04 или понова, не е потребно ажурирање.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Модели на кои се однесува
Ова ажурирање на фирмверот се однесува само на SLT-A57 кој моментално има верзија 1.03 или постара
Подобрувања
Оваа услужна програма го ажурира фирмверот SLT-A57 на верзијата 1.04 и ги обезбедува следниве предности:
поддршка за следниве компатибилни објективи за автоматска компензација: SAL100M28, SAL50M28, SAL85F28, SAL18200, SAL20F28, SAL28F28
Системски побарувања
Подготовка за ажурирање на фирмверот
- Компјутерски хардвер
- Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
- РАМ: 512 МБ или повеќе
Белешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
- Извор на енергија за фотоапаратот
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
или
Адаптер за наизменична струја AC-PW20AM (се продава посебно)
Белешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува
(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20AM (се продава посебно).
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FM500H
- УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
Белешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Инсталирај
Важни забелешки:
- Кога ��ршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-FM50H или адаптер AC-PW20AM (се продава посебно).
- Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
- Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
- Не покривајте ги сензорите на окуларот (A.) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B.).

Чекор 1: Преземете го софтверот за ажурирање на фирмверот
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согластете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_SLTA57V104.dmg].
- Зачувајте ја датотеката на р��ботната површина на компјутерот (препорачано).
Чекор 2: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот
- Кликнете двапати на преземената датотека [Update_SLTA57V104.dmg] за да го стартувате софтверот за ажурирање на фирмверот.
- Сѐ уште не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза
- Се јавува [Update_SLTA57V104]).
- Кликнете двапати на иконата FirmwareUpdater
- За да вчитате наставка на ј��дро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Според инструкциите на Firmware Updater MAC (Софтвер за ажурирање на фирмверот за MAC), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).
- Извадете ја мемориската картичка од фотоапаратот ако претходно не сте ја извадиле.
- Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
Белешка: На ЛЦД-мониторот од фотоапаратот се појавува USB Mode (УСБ-режим). - Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Firmware Updater MAC. На Firmware Updater MAC се појавува Figure 4 (Слика 4), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 5 (Слика 5).
- Кога ќе кликнете Next (Следно), не покривајте ги сензорите на окуларот (A. на Figure 6 (Слика 2.1)) за време на ажурирањето; инаку ЛЦД-мониторот може да се префрли на визирот. Ако не можете да гледате ништо на ЛЦД-мониторот, притиснете го копчето [FINDER / LCD] (B. на Figure 6 (Слика 2.1)).
- Ако Figure 2 (Слика 2) не се појавува на ЛЦД-екранот од фотоапаратот, исклучете го УСБ-кабелот од фотоапаратот и постапете со "Recovery procedure (Постапка за обновување)" опишана на дното од страницата.
Белешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
Ако компјутерот не може да го пронајде фотоапаратот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката "Could not find the camera for this update." (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Доколку се случи тоа, обидете се со следново. - Исклучете го и повторно вклучете го УСБ-кабелот. - Ако компјутерот има повеќе УСБ-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
- Исклучете го и повторно вклучете го УСБ-кабелот.
- Ако компјутерот има повеќе УСБ-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
Понекогаш кога фотоапаратот е поврзан со компјутерот преку УСБ-кабел, на екранот од компјутерот може да се појави порака за престартување на компјутерот. Во овој случај, извадете ја батеријата или адаптерот од фотоапаратот, престартувајте го компјутерот и следете ги постапките од "2. Start up Firmware Updater" (Стартување на програмата за ажурирање на фирмверот).
Слика: 4
Слика: 5
Слика: 6
- Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 4 и Слика 5, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 7)
- Откако ќе потврдите дека Current Version (Тековна верзија) е Ver.1.01 (верзија 1.01) или ver.1.02 (верзија 1.02) или Ver.1.03 , кликнете Next (Следно).
Слика 7: Потребно е ажурирање.
- Притиснете го повеќефункциското копче [Multi-selector] за повторно поставување на фотоапаратот.

Белешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на повеќефункциското копче [Multi-selector]. Продолжете на следниот чекор. - Кликнете Next (Следно) на Firmware Updater MAC (Figure 11 (Слика 11)).

- По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 12 (Слика 5).Кликнете Run
за да го стартувате ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапарат��т ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.
- Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Figure 13 (Слика 7). Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
Слика 13
- Белешка: Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Се појавува Firmware Updater MAC (Софтвер за ажурирање на фирмверот за MAC).

Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија Ver.1.04.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу. (Слика 14)


(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20AM (се продава посебно).








