За ова преземање

За оваа надградба (20/06/2011 г.)

Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.

Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди надградба на фирмверот за заменливите објективи за дигиталниот фотоапарат SLT-A55. Ве молиме видете во делот „Преземање и инсталација“ на оваа страница за тоа како да ја преземете и инсталирате надградбата.

Важно:

Ако имате некаков проблем со надградбата на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony



Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 0.2 или понова, не е потребна надградба.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Модели на кои се однесува

  • SLT-A55 со фирмвер верзија 1,10

Подобрувања

Оваа услужна програма го надградува фирмверот SLT-A55 на верзијата 2,00 и ги обезбедува следниве предности:

  • Додавање на функцијата [Picture Effect]
  • Можност за доделување често користени опции на копчето D-RANGE за приспособување.
  • Додавање нов режим за исклучување на параметрите на екранот.
  • Подобрена работа со менито
  • Високобрзинска синхронизација преку безжична работа со светлина од применливиот надворешен блиц
  • Додавање дигитален мерач за нивото кога се користи дополнителниот надворешен монитор како што е ЛЦД-мониторот за прикачување, CLM-V55.

Системски побарувања

  • Компјутерски хардвер
    • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
    • РАМ: 512 МБ или повеќе
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)

      Забелешка: Може да се изврши надградба само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Инсталирај

Важни забелешки:

  • Кога вршите надградба на фирмверот, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на надградбата затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.

Чекор 1: преземете го софтверот за надградба на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како администратор на компјутерот.
  2. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [SLT-A55V2_Update1105a.exe] (43.9МБ (46 104 224 бајти)).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).

Чекор 2: надградете го фирмверот на Вашиот фотоапарат:

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [SLT-A55V2_Update1105a.exe] којашто сте ја презеле за да го стартувате софтверот за надградба на фирмверот.


    Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за надградба на фирмверот).

  3. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за надградба на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), Ве молиме изберете Mass Storage (Масовно чување).



  4. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Забелешка: Кога фотоапаратот е поврзан на компјутерот, ЛЦД-екранот на фотоапаратот се исклучува. Ве молиме продолжете на следниот чекор.
  5. На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконата „Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)“.
  6. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за надградба на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за надградба на фирмверот се појавува Слика 1, а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Слика 2.
    Забелешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката на надградба.

    Слика 1


    Слика 2


  7. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по надградбата. (Слика 3)
  8. Откако ќе го потврдите екранот за Слика 3, кликнете Next (Следно).

    Ако на екранот се појави Слика 4, не е потребна надградба. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

    Слика 3


    Слика 4


  9. Кликнете на иконата „Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)“ на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската како што е прикажано на слика 5.
    Забелешка: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.

    Слика 5


  10. Притиснете го центарот на повеќефункциското тркалце за повторно поставување на фотоапаратот.


    Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне мекото копче. Ве молиме продолжете на следниот чекор.

  11. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Слика 6.
  12. Кликнете Run за да почне надградбата. За време на надградбата се прикажува лентата за напредок (околу 4 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на надградбата.

    Слика 6


  13. Кога ќе заврши надградбата, се појавува екранот за Слика 7. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 7


  14. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 0.2.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Чекор 4: Преземете ги упатствата кои ги опишуваат новите достапни функции и како да ги користите.

Информации за датотеката

Име на датотека

  • SLT-A55V2_Update1105a.exe

Големина на датотека

  • -