ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОБЈЕКТИВИТЕ
Решетката во објективот—исто така позната и како „дијафрагма“ или „ирис“—е генијално механичко решение кое овозможува отвор со прилагодлива големина во оптичката патека кој може да се користи за да се контролира количината на светлината која поминува низ објективот. Решетката и брзината на блендата се двата основни начини на контролирање на експозицијата: за дадена брзина на бленда, за придушено светло ќе биде потребна поголема решетка за да се овозможи повеќе светлина да дојде до површината за обработка на слика, додека за посветлата светлина ќе биде потребна помала решетка за да се постигне оптималната експозиција. Или, пак, можете да го задржите истото поставување за решетката и да ја промените брзината на блендата за да постигнете слични резултати. Но, големината на отворот овозможен од решетката исто така одредува колку „паралелно“ ќе биде светлото кое минува низ објективот и ова директно влијае на длабочината на полето, така што ќе треба да ги контролирате решетката и брзината на блендата за да создадете слики кои ќе изгледаат онака како што сакате.
- Техничко објаснување -
Бројот f ја означува фокусната должина на објективот поделена со ефективниот дијаметар на решетката. Така, во случај на G објектив од 35 мм со F1,4, кога решетката е поставена на својот максимум од F1,4, ефективниот дијаметар на решетката ќе биде 35 ÷ 1,4 = 25 мм. Забележете дека како што фокусната должина на објективот се менува, така и дијаметарот на решетката при даден f-број се менува. На пример, за решетка од F1,4 во телефото објектив од 300 мм ќе треба ефективен дијаметар на решетката од 300 ÷ 1,4 ≈ 214 мм. Тоа би бил еден голем, крупен и скап објектив, и тоа е причината поради која нема многу долги телефото објективи со големи максимални решетки. Фотографот нема особена потреба да го знае дијаметарот на решетката, но тој помага во разбирањето на принципот.
Сите објективи имаат максимална и минимална решетка која се изразува во „f-броеви“, но токму максималната решетка е онаа која најмногу се спомнува во спецификациите на објективите. Земете го за пример G објективот од 35 мм со F1,4 од Sony. Ова е објектив од 35 мм со F1,4: 35 мм е фокусната должина (за ова ќе зборуваме подоцна), а F1,4 е максималната решетка. Но што точно значи „F1,4“? Погледнете го квадратчето „Математиката на F-броевите“ за да ги дознаете техничките детали, но за да добиете практично разбирање доволно е да знаете дека помалите f-броеви соодветствуваат со поголеми решетки, како и дека F1,4 е најголемата максимална решетка која ќе ја сретнете кај објективите за општа намена. Објективите со максимална решетка од F1,4, F2 или F2,8 се сметаат за „брзи“ или „светли“.
Стандардните f-броеви кои ќе ги користите со објективите на фотоапаратите се, почнувајќи од поголемите кон помалите решетки: 1,4, 2, 2,8, 4, 5,6, 8, 11, 16, 22 и понекогаш 32 (за математичарите, сите овие се степени на квадратен корен од 2). Ова се целосни чекори, но исто така можете да сретнете и делови кои одговараат на половина или третина од целосните чекори. Зголемувањето на големината на решетката за еден чекор ја зголемува количината на светлина која е дозволена да помине низ објективот. Намалувањето на големината на решетката за еден чекор ја преполовува количината на светлина која допира до сензорот.
[1] Ефективна решетка (големина на влезна зеница) [2] Решетка [3] Фокусна должина Забелешка: Вредностите на решетката и на фокусната должина во илустрацијата се приближни.
„Длабочината на полето“ го означува опсегот на растојанијата од фотоапаратот во чии рамки фотографираните објекти ќе имаат задоволителна острина.
Во екстремни примери на тесна длабочина на поле, фокусираната длабочина може да биде само неколку милиметри. Во другата крајност, некои фотографии со пејзажи имаат многу длабока длабочина на поле и сѐ е во остар фокус, почнувајќи од пред фотоапаратот, па сѐ до многу километри во далечина. Контролата на длабочината на полето е една од најкорисните техники кои ви се потребни за креативното фотографирање.
Во основа, поголемите решетки создаваат потесна длабочина на поле, така што ако сакате да снимите портрет со добро дефокусирана заднина, потребно е широко да ја отворите решетката. Но, во игра се и други фактори. Објективите со поголеми фокусни должини вообичаено можат да создадат потесна длабочина на поле (делумно затоа што, како што научивме погоре, решетката со F1,4 во објектив од 85 мм, на пример, е многу поголема отколку решетката со F1,4 во широкоаголен објектив од 24 мм), и растојанието помеѓу објектите во сцената кои се фотографираат ќе има ефект и врз длабочината на полето.
Решетка (од лево кон десно) : Отворена (голема) кон затворена (мала) длабочина на поле (од лево кон десно) : Плитко кон длабоко
- Совет за снимање -
Снимањето слики со прекрасно дефокусирани заднини подразбира многу повеќе отколку избирање на светол објектив и целосно отворање на решетката. Тоа е првата клучна работа, но понекогаш големата решетка самостојно нема да може да ги произведе посакуваните резултати. Втората клучна работа е растојанието помеѓу вашиот објект и заднината. Доколку заднината е многу близу до вашиот објект, можно е да биде дел од длабочината на полето, или пак да биде толку близу што количината на дофкусирањето да не е доволна. Доколку е можно, одржувајте доволно растојание помеѓу објектот и заднината која сакате да ја дефокусирате. Третата клучна работа е фокусната должина на објективот кој го користите. Како што спомнавме погоре, полесно е да се добие потесна длабочина на поле со подолга фокусна должина, така што искористете ја и таа карактеристика. Многумина фотографи сметаат дека фокусните должини помеѓу 75 мм и 100 мм се идеални за снимање портрети со добро заматени заднини.