h.ear™
Им овозможуваме на слушателите да го пронајдат својот стил,
со нова класика

Какви слушалки би ги задоволиле оние што не сакаат компромиси во стилот? Нашиот одговор останува фокусиран на квалитетот на звукот и не може да биде поедноставен. Стилски слушалки со висока резолуција што се едноставни како бело платно.

Слушајте во сопствен стил

За корисниците со јасна слика за самите себеси и своите интереси, избирањето слушалки со стил треба да биде полесно. Дизајнирањето на оваа серија започна со идејата за инвестирање на нашата експертиза за звук во нови слушалки што го олеснуваат таквиот избор.

Неопходна опрема инспирирана од врвна едноставност

Опремата што ја замисливме може лесно да стане дел од вашиот основен животен стил, независно од вашиот вкус за мода. Прво, ќе ги изоставиме додатоците што некои луѓе ги сакаат или не ги сакаат, во зависност од нивната естетика. Тоа што ќе остане ќе биде навистина неопходно за врвно доживување при слушањето. Ова размислување доведе до идејата за една форма и една боја. Сите елементи, чиј број е минимален, изгледаат споени во форма со една боја што лесно може да стане дел од вашиот личен стил.

Стил и звук
што се само ваши

Takuma, главен уметнички директор

За слушателите на кои им е важен стилот, пронаоѓањето аудио производи што одговараат на нивниот изглед е полесно кога секој специјален дел е помалку нагласен и се вклопува во хармоничната целина. За да ја распространиме комбинацијата од извонредно слушање и извонреден стил на поширока публика, ние ги компресиравме, намаливме и зачувавме најнеопходните карактеристики, добивајќи минималистички и уникатен дизајн со неверојатни и едноставни детали. Дизајнот што го создадовме не може да биде поедноставен. Никогаш не сме создале нешто слично, што совршено одговара на сечиј животен стил.

h.ear on
Инстинктивни пристапи за поголема реалистичност и удобност

Кај слушалките, реалистичноста и удобноста се едни од најважните особини. За да ги подобриме перформансите на овие критериуми, се одлучивме за минималистички пристап. Кај слушалките за поставување преку уво, дизајнот на куќиштето го подобрува квалитетот на звукот, а дизајнот на ушните перничиња нуди подобро поставување. Задржувајќи ги перформансите, го намаливме кругот на куќиштето и заобленоста на ушните перничиња, а овие два дела ги поврзавме со наједноставни линии. Рачките се поставени блиску во куќиштето, а од лентата до ушните перничиња, слушалките формираат една целина. Рачките ја следат формата на слепоочниците, овозможувајќи подобро поставување и покомпактен изглед. Во поглед на стилот, овие детали во дизајнот ги зголемуваат разновидните опции на слушалките.

На куќиштето го нема ниту логото на Sony. Неверојатна едноставност. Прецизната конструкција ги сокрива сите завртки. Слушалките се преклопуваат блиску до ушните перничиња, правејќи ги покомпактни за носење во торба. Шарката е метална и доволно цврста. Ова се слушалки на кои можете да им верувате, дури до последниот детаљ.

h.ear in
Нагласување на неопходното со минимални линии

Кај слушалките со ушни влошки, сакавме да добиеме звук со извонреден квалитет во големина и форма што одговараат на увото. Задржувајќи ја компактната големина на звучниците од 9 мм, остваривме перформанси со висока резолуција преку оставање доволно простор помеѓу звучникот и каналот за звук, кои се затворени во едноставни контури. Тука, неопходните елементи за квалитет на звукот имаат едноставна форма. Надворешниот изглед е подеднакво елегантен - чиста површина со остри рабови.

Нова класика,
симфонија на дизајн
и инженерство

Yashiro, уметнички директор

Се одлучивме за радикален пристап кон задржување на рачките речиси прилепени до куќиштето сè додека не дојдат во положба покрај вашите слепоочници. За ова добивме инспирација од нашата потрага по изгледот „една форма“, но за добивање одлично поставување ни беше потребно многу труд и многу разговори со нашите инженери. На крајот, оваа соработка резултираше со слушалки чија форма и функција го создадоа новиот класичен изглед.

Многу делови, една боја

Препознатливиот дизајн е уникатен во однос на боите. Секоја опција е во една боја, поради што лесно можете да ја изберете бојата што одговара на вашиот стил. Од куќиштето на слушалките па сè до кабелот, секоја опција обединува многубројни материјали и завршни обработки во иста боја. На пример, куќиштето е изработено од алуминиум за да овозможи звук со извонреден квалитет. Точната нијанса и сјајот се добиваат со анодна оксидација, проследена со прецизно темпирано боење и хемиско полирање.
Лентата е изработена од пластика за да бидат лесни слушалките, но за усогласување на боите се потребни три слоја - еден од металик сребрена боја, друг од примарна боја и трет со завршна обработка во мат боја. Иако секој дел се произведува на различен начин, нијансите и сјајот се одлично усогласени. Дури и бојата на логото на Sony е усогласена, што придонесува за поедноставен стил.

Избор на бои за најразлични стилови

Боите се модерни, но уште поважно, сигурно ќе ја пронајдете таа што го изразува вашиот стил. Во изборот се вклучени третостепени бои. Тие се третостепени на два начини, од кои првиот е заситување. Затемнетите тонови што ги избравме не се често присутни кај слушалките, но сигурни се во мода. Користевме и третостепени нијанси. Некој може да мисли дека бојата е сина, а други, пак, зелена. Искористувајќи ги тие нијанси, создадовме пет нови бои кои веднаш ќе се усогласат со корисниците.
Секоја боја беше внимателно избрана, земајќи предвид многу лични стилови. Во модата, румено црвената боја и лиметната боја се бои со препознатливо нагласување. Зелено-сината и бордо розовата боја имаат стандардна елегантност. А ако сакате повеќенаменска опција, тука е класичната јаглен-црна боја. Ги земавме предвид улогите на сите бои, како и балансот на оваа палета како целина. Walkman® плеерите се достапни во истите бои, за да можете да слушате во визуелна хармонија.

Правиме сè што е потребно
за прекрасни бои
за производите

Aoyagi, дизајнер

За да понудиме четири модели на слушалки и Walkman® плеери во иста боја, мора да ја координираме завршната обработка на приближно 30 различни делови и материјали. Помножете го тоа со пет различни бои и бројот ќе се искачи приближно до 150. Вложивме многу труд во усогласување на боите, особено поради тоа што користевме различни фабрики. На крајот, нашиот бескомпромисен став им овозможи на овие производи да говорат сами по себе со својата елегантност и неверојатни бои. Спецификациите и функциите секогаш ќе бидат важни, но зошто да не избирате аудио производи како што избирате облека - боите привлекуваат погледи.

Комуникацијата е верна
на визијата за дизајнот

Прекрасните слики од производите ги исполнија страниците на нашите книги за главни визуелни фактори. Тие помагаат во правилно пренесување на замислата на нашите дизајнери. На некој начин, книгите ги усогласуваат сите учесници во промоцијата. Тие се важни како заедничка евиденција што можеме да ја почувствуваме, но не можеме да ја изразиме.

Ефектот што го предизвикуваат овие бои е очигледен веднаш по отворањето на кутијата. Пакувањето е дел од целосното искуство со производите, а тука, внатрешната кутија одговара на бојата на слушалките.

Изгледот и чувството е доследно независно кој модел ќе го изберете. Дизајниравме солидна група производи, наместо да издвоиме само еден производ. Внимателниот дизајн на комуникацијата е очигледен и во именувањето на серијата h.ear, наместо да користиме обични броеви за моделите.

Промоција
што ја доловува
индивидуалноста

Kitahara, уметнички директор

Разликата помеѓу серијата h.ear и другите слушалки од Sony е неверојатниот дизајн. Квалитетот на звукот е само почеток. Го земавме предвид и слушањето со стил. Затоа, во дизајнот на комуникацијата ја нагласивме модата и уникатноста наместо функциите и перформансите на уредот на кои обично им се посветува најголемо внимание. Можете лесно да најдете заеднички точки со реалистичните сцени што сакавме да ги реализираме, замислувајќи ве поблиску до вашиот сопствен стил.

Бидете доследни на вашиот стил со слушалките со висока резолуција h.ear. Нови класични уреди од Sony што нудат подобро секојдневно доживување при слушањето за поширока публика.