Преден звучник

Вид на куќиште на преден звучник
Бас рефлекс
Завршна обработка на преден звучник
Дрво (кутија), ткаенина (решетка)
Максимална влезна моќност на предниот звучник
100W
Преден звучник - име на модел
SS-HW1
Преден звучник - номинална импеданса
4 оми
Преден звучник - систем
3-системски (вуфер+високотонец+супер високотонецX2)
Предни звучници: Високотонец
25мм/19мм
Предни звучници: Бас
130mm
Влезен приклучок на преден звучник
Вид на навртување
Чувствителност на преден звучник
83 db
Димензии на преден звучник (Ш x В x Д)
171 x 309 x 273 sm

Општи карактеристики

Фреквентен одзив
50 Hz-50 kHz
Преден звучник
2

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
427 x 338 x 404
Тежина
11кг

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • Кабел за звучници (2)
  • Држачи за звучници (1)
  • Инструкции за користење (1)
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Звук со висока резолуција за беспрекорен звук

Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција создава речиси совршени снимки од музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Совршено се впарува со MAP-S1

Звучниците SS-HW1 се прецизно прилагодени за да извлечат максимум од нашиот аудио плеер со висока резолуција MAP-S1. Земајќи го веќе подобрениот аудио сигнал од MAP-S1 и насочувајќи го преку супер високотонецот со широка дисперзија, звучниците SS-HW1 можат да репродуцираат високофреквентни ноти со јасност и детали кои се задолжителни за звукот со висока резолуција.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Поврзете ја вашата колекција со висока резолуција

Звучниците SS-HW1 се совршен придружник на другите аудио компоненти со висока резолуција – од музички фајлови на вашиот PC па сè до HDD аудио плеери и USB DAC засилувачи. Само поврзете ги звучниците во вашиот засилувач и внесете нова енергија во вашата музичка колекција.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Систем со 3-системски звучници за сеопфатен звук

Од сопрано вокали до резонантен бас, слушнете ја секоја нота со детали какви што заслужува. Вуфер, високотонец и два WD супер високотонци кои работат заедно за да репродуцираат звук низ широк фреквентен опсег – затоа, без разлика што слушате, секогаш ќе уживате во јасен и природен звук.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Супер високотонци за неверојатно високи тонови

Уживајте во беспрекорни високи тонови за музика или дијалози. WD супер високотонците кои се поставени на предната и горната страна од секој звучник создаваат пошироко звучно поле кое го задржува својот квалитет низ целата просторија. Нотите со извонредно висока фреквенција се репродуцираат со јасен и детален звук со висока резолуција, за да можете да уживате во извонреден звук без разлика каде седите.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Целуларен конус засилен со мика за звук без изобличувања

Совршениот партнер за денешната музика со моќен бас. Повеќето звучници користат конуси од хартија кои низ времето се извиткуваат и деградираат, што доведува до изобличување на звукот. Вуферите од целуларни влакна засилени со мика (MRC) се цврсти и ја задржуваат својата форма дури и при движење со голем притисок и брзина, така што можете да го засилите басот без загуба на аудио квалитетот.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Цврста структура за моќен бас

Овие звучници се поставени на цврста основа. Предната плоча на кутијата е изработена од MDF со дебелина од 15 мм за темелно елиминирање на несаканите вибрации, а внатрешноста на кутијата е дополнително зацврстена со дрвена потпорна структура. Крајниот резултат претставува богата и резонантна акустика.

Почувствувајте ги ниските и уживајте во високите тонови со посебни комори

Слушајте помалку вибрации и повеќе детали од вашата музика. Структурата со посебни комори во звучникот го изолира високотонецот од другите звучници, спречувајќи пренесување несакани вибрации и создавајќи јасен и природен звук.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Врвни компоненти, врвен звук

Слабото поврзување може да има значајно влијание врз севкупниот квалитет на звукот. Затоа овие звучници користат само врвни компоненти: фолиски кондензатор и висококвалитетна намотка за рамномерно проследување сигнали, како и приклучоци од висока класа за намалување на изобличувањето. Тоа значи дека ќе слушате и уживате во сите тонови на звукот со висока резолуција.

Слика од Домашни звучници со звук со висока резолуција

Дрвена завршна обработка за стил и квалитет

Сјајната завршна обработка на звучникот ќе се вклопи во најлуксузните ентериери. Дрвениот фурнир, исто така, ја задржува својата форма, поради што на звукот нема да влијаат промените во температурата и влажноста.