Слика од Стерео звучници за на полица
Слика од Стерео звучници за на полица
Слика од Стерео звучници за на полица
Слика од Стерео звучници за на полица
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Детали кои јасно ќе ги слушнете

Омилените песни слушнете ги со звук со висока резолуција. Вуферот со целуларен конус засилен со мика (MRC) и двата супер високотонци со широка дисперзија во спој со заоблениот дизајн на SS-HA3 нудат намалување на прекршувањето и широко аудио поле.

Музика. Каква што не сте чуле досега

Доживејте ја одново вашата музичка збирка со нечуена острина и јасност. Секој аспект на SS-HA3 е дизајниран да ги нагласи богатите детали кои се достапни кај музичките фајлови со висока резолуција и да ги открие суптилностите скриени во MP3 песните.

Како функционира звукот со висока резолуција
Како функционира

Дигитална музика со подобар квалитет од CD квалитетот

Технологијата за звук со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема стапка од CD дисковите, создавајќи звук со 24 бита/96kHz, во споредба со 16 бита/44,1kHz кај CD дисковите.

Дизајнирани за јасност

За да се намали прекршувањето, кај SS-HA3 се користи цврсто алуминиумско куќиште за максимизирање на волуменот на звучникот и намалување на изобличувањето. Високотонците имаат дизајн со засекување од 45 степени за широко аудио поле и јасен звук.

Заоблен алуминиумски дизајн
Прецизен звук

Уживајте во богат звук во вашиот дом кој се приближува до оригиналната студиска снимка. SS-HA3 има MRC вуфер за моќен бас и два супер високотонци со широка дисперзија за нагласување на музичките нијанси кои се изгубени кај компресираниот звук.

Подобрете го доживувањето при слушањето

Поврзете ги SS-HA3 звучниците со систем со HDD аудио плеер или други компоненти за звук со висока резолуција за да уживате во јасен звук, без оглед дали слушате музички фајлови или CD дискови.

Спецификации и функции

  • 2-системски систем со 3 звучници со рефлективен бас (55 Hz – 50 kHz)

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Супер високотонци со широка дисперзија за реалистични високи звуци

  • Звучници од целуларни влакна засилени со мика за добивање на динамички звук

  • Издржливо алуминиумско куќиште за намалување на внатрешните вибрации

Фреквентен одзив
55Hz-50kHz
Преден звучник
1
Централен звучник
0
Опкружувачки звук
0

Што има во пакетот

Упатство за употреба, Гарантен лист, Кабел за звучници

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина