ЗВУЧНИЦИ ВО ВИД НА ЛЕНТА

2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

HT-XT3
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Создаден за љубителите на опкружувачкиот звук

Избирајте помеѓу прекрасен филмски звук и богат звук со висока резолуција. Технологијата за виртуелен опкружувачки звук со 2.1 канали и вградени сабвуфери, HT-XT3 нуди длабок и моќен звук кој ќе ве внесе во центарот на случувањата. „Сè во едно“ дизајнот се сместува под вашиот телевизор, за да заштедите простор.

Погледнете го видео записот

Погледнете го одблиску HT-XT3 и откријте ја длабочината на звукот која може да ја создаде овој компактен звучник во вид на подлога.

2.1-кан. звучник во вид на подлога
Моќен звук

2.1-кан. звучник во вид на подлога на филмската музика ѝ ја дава потребната длабочина, благодарение на излезната моќност од 350W и двата вградени сабвуфери.

HDMI®
Дизајниран за поврзување

Поврзете се со многу други уреди со HDMI, аналогни и оптички излези.

LDAC, звучник во вид на лента со Bluetooth®
Извлечете го максимумот од Bluetooth®

Проследувајте звук со висока резолуција преку Bluetooth® со LDAC, кој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичниот Bluetooth®.

Слушајте реалистична музичка сцена

S-Force PRO Front Surround Sound

Технологијата за прекрасен опкружувачки звук симулира природни тродимензионални звучни полиња за да уживате во богат и реалистичен звук низ широка област за слушање.

Основа за звук

Звучникот во вид на подлога има два сабвуфери кои ѝ даваат длабочина на музиката, со одличен опсег на пониските и средните фреквенции. Тој се одликува и со двосистемски коаксијални звучници и супер високотонец, за да ги слушате сите фреквенции.

Dolby® True HD

Уживајте во HD филмовите со јасен и реалистичен опкружувачки звук.

DTS®-HD Master Audio

Внесете реалистичност во филмовите и музиката со прецизноста на оригиналната снимка.

Што е звук со висока резолуција?

Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.

Звук со Bисока Pезолуција
44,1kHz / 16 бита [CD]
Звук со Bисока Pезолуција
96KHz / 24 бита [висока резолуција]
S-Master HX
Дигитален засилувач S-master HX

Дигиталниот засилувач S-Master HX ги репродуцира деталите и широкиот опсег на аудио форматите со висока резолуција, без појава на изобличување.

DSEE HX
Процесор за подобрување на дигитален звук HX

DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со квалитетот на звукот со висока резолуција.

ClearAudio+
Оптимизирана репродукција

Користејќи повеќе технологии за звук од Sony, ClearAudio+ го оптимизира звукот за да слушате музика, дијалози и звучни ефекти со поголема острина и отсечност.

Прецизен звук со целосен опсег

Максимален звук, минимален простор. Дизајнот на коаксијалниот звучник комбинира вуфер и високотонец во една целина со два звучника за широк опсег на ниски и високи тонови. Работејќи во спрега со вградените сабвуфери,ова му овозможува на HT-XT3 да репродуцира звук со целосен фреквентен опсег и детали со висока резолуција.

Создадени за исклучителен звук

Супер високотонецот на звучникот во вид на подлога го надополнува извонредно широкиот фреквентен опсег, за неверојатно високи тонови и врвна репродукција на звукот.

Супер високотонец
Проследување преку Bluetooth® со највисок квалитет

Пренесете го проследувањето на ново ниво. Развиен од Sony, кодекот LDAC поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®, стапки на семплирање до 96kHz и поефикасно кодирање за да добиете звук со подобар квалитет од CD.

NFC, звучник во вид на лента со Bluetooth®
Поврзување за момент

Едноставно допрете одредени паметни телефони или таблет-уреди до звучникот во вид на подлога, и веднаш воспоставете поврзување со еден допир со Bluetooth®.

Bluetooth®, звучник во вид на лента со Bluetooth®
Безжично проследување преку Bluetooth®

Уживајте во висококвалитетна музика кога го поврзувате вашиот таблет-уред или паметен телефон директно на звучникот во вид на подлога преку Bluetooth®.

Вграден Wi-Fi®
Нема повеќе кабли

Вградениот Wi-Fi® ви нуди широка поврзаност, што ви овозможува да проследувате музика и звук од повеќе онлајн услуги.

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in
Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify
Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.

Обединете ја вашата музика

Прилагодете го начинот на кој слушате со SongPal

Апликацијата SongPal ја обединува музиката во интуитивно дизајниран простор. Групирајте уреди од Sony и поставете листи за репродукција за слушање во повеќе простории, менувајте ги поставките за звукот и движете се помеѓу музичките збирки и онлајн операторите.

SongPal 3.0, звучник во вид на лента со Bluetooth®
Слушајте музика во друга просторија

Овозможете ѝ на истата прекрасна песна да ве следи во домот со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата SongPal. Поврзете одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од компјутер или од вашата DLNA мрежа во повеќе простории од вашиот дом.

Дел од мебелот

Извонредно „сè во едно“ решение за звук

Елегантниот, минималистички стил на HT-XT3 е дизајниран да ја надополни секоја просторија во домот. Во овој компактен звучник во вид на подлога елегантно се сместени два коаксијални звучници, двојни звучници на сабвуфер, а може да послужи и како ТВ масичка. Неговиот тенок профил и висината од 8см (3,2”) совршено се вклопуваат дури и во најтесните места.

Создадена за вас

Усогласени телевизори од Sony

Цврстата, но компактна рамка е дизајнирана да поддржува телевизори со тежина до 50 кг. (110lbs), со екран до 165 см (65”). Нејзиниот префинет стил ја прави совршен партнер за едноставната елеганција на телевизорите на Sony.

Проследување на 4K
Подготвен за 4K

Поддржано 4K проследување

4K квалитет од изворот до екранот. Поврзете 4K уред на HT-XT3 за да поминат податоците од звучникот во вид на лента до вашиот телевизор – без намалување на квалитетот на сликата – за да уживате во богати слики со звук кој ја исполнува просторијата.

Спецификации и функции

Избирајте помеѓу прекрасен филмски звук и богат звук со висока резолуција. Технологијата за виртуелен опкружувачки звук со 2.1 канали и вградени сабвуфери, HT-XT3 нуди длабок и моќен звук кој ќе ве внесе во центарот на случувањата. „Сè во едно“ дизајнот се сместува под вашиот телевизор, за да заштедите простор.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE HX ја подобрува музиката до квалитетот на звукот со висока резолуција

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир 

Излезна моќност (вкупна)
350W
Канали на засилувач
2.1кан.
Влезни и излезни приклучоци
Bluetooth® пренос (1), Bluetooth® прием (1), HDMI® видео влез (3), HDMI® видео излез (1), USB-A (1), Аналоген аудио влез (1), Етернет (1)
ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д) 
75 x 8,3 x 35,8 см
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Експертите велат