Големина и тежина

ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д) 
70,2 x 7,9 x 31,1 см
ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ 
6,5 кг

Што има во пакетот

  • Оптички кабел (1,5 м)
  • Водич за брзо поставување
  • Ознака во боја за картонската кутија
  • Упатство за употреба
Placeholder

Засилувач

Канали на засилувач
2.1кан.
Излезна моќност (вкупна)
80 W

Сабвуфер

Вид на сабвуфер
Вграден сабвуфер
Вид на куќиште
Рефлективен бас
Систем на звучници
2-системски
Звучник на сабвуфер
Конус од 100 мм

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Bluetooth® прием (вер. 4.0) / NFC, HDMI® излез (1), USB (полнење со 1 A), Аналоген аудио влез (вкл. TV CEC) (1 мини приклучок)
Аналогни аудио влезови
1
HDMI излез(ARC)
1

Аудио формати

Dolby® TrueHD/Dolby Digital+
НЕ / НЕ
DTS HD Master Audio
НЕ
Dolby®
Dolby® Digital, Dolby® Dual моно

Функција за звук

Режим на звук
ClearAudio+, Игри, Музика, Преносливи аудио уреди, Спортови, Стандардно, Филм
Звучен ефект
ДА

Детали

Потрошувачка на енергија
25W
Режим на подготвеност
0.5W
Потрошувачка на енергија
Вграден

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,4 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
2,2 W (HDMI CEC) / 2,2 W (Bluetooth®) / 2,2 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 19 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 18 минути (HDMI CEC, Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Променете ги поставките во MENU (МЕНИ), копче со стрелка надолу, ENTER (Внеси), копче со стрелка надолу, BTSTB, ENTER (Внеси), копче со стрелка надолу, SETBT, ENTER (Внеси), на ON (ВКЛУЧЕНО) -> OFF (ИСКЛУЧЕНО) со копчето со стрелка надолу или копчето со стрелка нагоре

Функции

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови 

Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален систем на звучници. Двата звучника се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а дополнителниот вграден сабвуфер од 10 см (3,9”) го засилува басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега. 

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук

Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

ClearAudio+ ја збогатува вашата музика

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

Безжично проследување со Bluetooth®

Безжично проследување на вашите омилени песни и апликации со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со звучникот за ТВ кој поддржува Bluetooth® и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

Репродукција веднаш по поврзување USB уред

Поврзете го вашиот паметен телефон, таблет-уред, MP3 плеер или USB уред во предниот USB приклучок и слушајте ги омилените листи за репродукција. Контролирајте ја репродукцијата на едноставен начин со далечинскиот управувач за да уживате во звук со висока резолуција од сите ваши уреди.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

Поедноставете го вашиот систем за звук со HDMI ARC излезот

HDMI ARC (повратен аудио канал) значи дека звукот се враќа назад до звучникот во вид на подлога од компатибилните телевизори, без потреба од дополнителен аудио кабел. Секој уред кој е поврзан со вашиот телевизор сега може да се слуша преку звучникот во вид на подлога, така што звукот на секоја содржина ќе биде со висок квалитет.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

„Сè во едно“ решение за звук

Едноставниот дизајн на овој звучник во вид на подлога за ТВ нуди оптимална репродукција на звук во компактно куќиште. Се испорачува со вграден сабвуфер од 10 см (3,9”) со можност за динамичен бас, поради што се зголемува моќта на филмската музика. Со можноста да поддржува телевизори до 140 см (55”) и приближно 30 кг, HT-XT100 заштедува простор и го подобрува вашиот домашен систем за звук.