ЗВУЧНИЦИ ВО ВИД НА ЛЕНТА

2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

HT-XT100
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со Bluetooth® технологија

"Сè-во-едно" слушање

Подобрете го звукот на филмовите и на музиката. Дизајниран за поставување под вашиот телевизор, HT-XT100 ја комбинира технологијата за 2.1-канален виртуелен опкружувачки звук со вграден сабвуфер за балансиран звук од филмовите. Практичниот „сè во едно“ дизајн има двојна функција како безжичен звучник, за да можете веднаш да започнете да проследувате музика со едноставно поврзување со Bluetooth® преку NFC со еден допир.

Бидете дел од случувањата

Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален систем на звучници. HT-XT100 е дизајниран да обезбеди прекрасен звук со целосен фреквентен опсег кој допира до вас од секој агол. Благодарение на вградениот сабвуфер, ќе почувствувате како секој удар на басот, секоја експлозија и секоја бркотница со автомобили се репродуцира реалистично околу вас.

Основа за звук

Звучникот во вид на подлога има вграден сабвуфер, кој ѝ дава длабочина на музиката, со одличен опсег на пониските и средните фреквенции. Тој се одликува и со двосистемски коаксијални звучници и супер високотонец, за да ги слушате сите фреквенции.

Дигитален засилувач S-Master
Дигитален засилувач S-Master

Користи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните звучници, за добивање моќен звук со минимално изобличување.

ClearAudio+
Оптимизирана репродукција

Користејќи повеќе технологии за звук од Sony, ClearAudio+ го оптимизира звукот за да слушате музика, дијалози и звучни ефекти со поголема острина и отсечност.

Моќен звук за сите ваши уреди

Бројните функции за поврзување ви овозможуваат да уживате во јасен, моќен опкружувачки звук на сè што гледате или слушате. Поврзувајте ги уредите брзо и едноставно преку Bluetooth® и NFC или директно преку USB за да создадете сопствен моќен централен уред за музика.

NFC
Поврзување за момент

Едноставно допрете ги паметните телефони или таблет-уреди кои поддржуваат NFC до звучникот во форма на подлога и воспоставете врска со еден допир преку Bluetooth®.

Bluetooth®
Безжично проследување преку Bluetooth®

Уживајте во музика со одличен квалитет кога директно ќе го поврзете вашиот таблет-уред или паметен телефон со звучникот во вид на подлога преку Bluetooth®.

USB репродукција
USB репродукција

Со моменталната репродукција ќе можете да се задлабочите во вашите омилени песни од моментот кога ќе го поврзете вашиот MP3 или USB уред.

Дел од мебелот

Извонредно „сè во едно“ решение за звук

Елегантниот, минималистички стил на HT-XT100 е дизајниран за секоја просторија во домот. Овој компактен звучник во вид на подлога може да послужи и како ТВ масичка, заштедувајќи простор онаму каде што тоа е најпотребно, а тенкиот профил и висината од 8 см (3,2”) совршено се вклопуваат во тесните места.

Создадена за вас

Усогласени телевизори од Sony

Цврстата, но компактна рамка е дизајнирана да поддржува телевизори со тежина до 30 кг. (66lbs), со екран до 140 см (55”). Нејзиниот префинет стил ја прави совршен партнер за едноставната елеганција на телевизорите на Sony.

Спецификации и функции

Подобрете го звукот на филмовите и на музиката. Дизајниран за поставување под вашиот телевизор, HT-XT100 ја комбинира технологијата за 2.1-канален виртуелен опкружувачки звук со вграден сабвуфер за балансиран звук од филмовите. Практичниот „сè во едно“ дизајн има двојна функција како безжичен звучник, за да можете веднаш да започнете да проследувате музика со едноставно поврзување со Bluetooth® преку NFC со еден допир.
  • S-Master дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • S-Force Front Surround создава звук како во кино

  • USB репродукција

Излезна моќност (вкупна)
80 W
Канали на засилувач
2.1кан.
Влезни и излезни приклучоци
Bluetooth® прием (вер. 4.0) / NFC, HDMI® излез (1), USB (полнење со 1 A), Аналоген аудио влез (вкл. TV CEC) (1 мини приклучок)
ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д) 
70,2 x 7,9 x 31,1 см
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина