2.1-кан. звучник во вид на подлога за ТВ со вграден сабвуфер
Целосниот домашен аудио систем започнува и завршува со HT-XT1. Оваа тенка "сè-во-едно" музичка кутија содржи вграден сабвуфер и звук од 170W кој ја исполнува просторијата и има компактен дизајн кој се поставува под вашиот телевизор. Уживајте во виртуелен 3D звук како во кино со технологијата S-Force PRO Front Surround и веднаш започнувајте да проследувате музика со NFC и Bluetooth®.
Дали сакате прекрасно доживување на кино звукот без нередот што го предизвикуваат повеќеканалните аудио системи? HT-XT1 поседува дизајн на рамна кутија со стакло отпорно на гребење за постигнување на врвна завршна обработка. Тоа значи дека кутијата може да стои самостојно или да послужи како масичка за вашиот телевизор.
Збогатете го вашето аудио доживување со 2.1-каналниот звук со вкупна излезна моќност од 170W и уживајте во вашите омилени филмови со звук кој ја исполнува просторијата. HT-XT1 содржи и вграден сабвуфер во кутијата со компактен дизајн за да обезбеди длабоки и громогласни бас тонови за да добиете прекрасно аудио доживување.
Исполнете ја дневната соба со 3D звук како во кино. Уникатната S-Force PRO Front Surround технологија овозможува исполнување на целата ваша соба со опкружувачки звук со помош на само два предни звучници, за да добиете виртуелно доживување со опкружувачки звук.
Дали сакате веднаш да слушате музика? Едноставно допрете го паметниот телефон или таблет уредот кој поддржува NFC за да го поврзете преку Wi-Fi® и да ги слушате омилените мелодии што ја исполнуваат просторијата.
Не грижете се ако вашиот паметен телефон не поддржува Wi-Fi® или NFC - и покрај тоа можете да проследувате музика директно од вашиот телефон или таблет уред со користење на безжично Bluetooth® поврзување.
Поврзете ја "сè-во-едно" музичката кутија HT-XT1 без напор со вашиот телевизор, Blu-ray плеер или PlayStation® благодарение на трите HDMI® влезови и еден излез за едноставно поставување.
Спецификации
- Излезна моќност (вкупна)
- 170W
- Канали на засилувач
- 2.1кан.
- Влезни и излезни приклучоци
- HDMI® видео влез (3), HDMI® видео излез (1), Аналоген аудио влез (1), Оптички аудио влез (испорачан) (1)
- ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д)
- 72 x 7,2 x 31 см
- ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д)
- —
Што има во пакетот
Оптички кабел (1,5 м), Упатство за употреба, Далечински управувач (RM-ANU207), Водич за запознавање