HT-X8500

Атмосфера како во кино, моќен вграден бас

Уживајте во тродимензионален опкружувачки звук како во кино со 2.1-канален звучник во вид на лента со Dolby Atmos® и DTS:X®, вградени сабвуфери за длабок бас и тенок и елегантен дизајн што совршено ќе се вклопи пред телевизорот.

ЗВУЧНИЦИ ВО ВИД НА ЛЕНТА

2.1-кан. звучник во вид на лента со Dolby Atmos®/DTS:X® и вграден сабвуфер | HT-X8500

HT-X8500
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Dolby Atmos®/DTS:X® и вграден сабвуфер | HT-X8500
Слушајте звук од сите правци со 7.1.2-кан. симулиран опкружувачки звук 

Нашата најнова технологија за опкружувачки звук Vertical Surround Engine ви овозможува да уживате во возбудливиот звук со Dolby Atmos® и DTS:X®, преку тенок уред. Независно од видот на просторијата, напредната технологија DSP овозможува репродукција на звук како во кино што доаѓа кон вас од сите страни, дури и одозгора, преку само два предни звучници.

Со исклучен Vertical S.
СО ИСКЛУЧЕН VERTICAL S.
Со вклучен Vertical S.
СО ВКЛУЧЕН VERTICAL S.
Илустрација за вертикален звук
Уживајте во звук одозгора 

Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот вертикално за да може да уживате во 3D звук без потреба од звучници во таванот или звучници насочени нагоре. Како и Dolby Atmos и DTS:X, технологијата Vertical Surround Engine нуди пореален, повеќедимензионален звук и за другите формати.

Илустрација за опкружувачки звук
Опкружувачки звук на едноставен начин

Со помош само на предните звучници, уникатната дигитална технологија за обработка на звучно поле на Sony виртуелно го репродуцира звучното поле на опкружувачкиот звук, при што звукот излегува од двете страни. Нема потреба да додавате задни звучници, што значи дека може да уживате во богат опкружувачки звук како во кино сала, без да правите неред во вашата соба.

Изберете ги совршените поставки

Копче за секој звук - изберете го тоа што е соодветно за содржините што ги гледате или слушате.

Уживајте во звук со длабок бас

HT-X8500 има два моќни вградени сабвуфери во средината за да уживате во звук со длабок бас и минимална опрема во вашиот животен простор.

Тенок и елегантен 

HT-X8500, со димензии од само 890 x 64 x 96 мм, е тенок, компактен и дискретен и го надополнува вашиот телевизор BRAVIA. Препознатливи елементи во дизајнот се металната решетка на звучникот и каналите за сабвуферите од двете страни.

Икона за 4K HDR
Уживајте во сите ваши филмови во 4K HDR-квалитет

HT-X8500 има технологија за проследување во 4K HDR со 18 Gbps и HDCP 2.2/HDCP 2.3 и ги поддржува најновите формати.

Може лесно да се додаде на вашиот AV-систем

Поврзете конзола за игри, UHD Blu-ray™-плеер или set-top box-приемник, како и вашиот телевизор преку HDMI и оптичките дигитални влезови.

Икона за безжично поврзување
Безжично поврзување со вашиот телевизор

Со телевизорите BRAVIA од Sony со Bluetooth®-предавател можете безжично да испраќате звук кон вашиот звучник во вид на лента

Лого за HDMI
HDMI eARC-кабел

Со HDMI eARC ќе уживате во најновите формати за опкружувачки звук со висока бит-стапка како Dolby Atmos® и DTS:X®, преку вашиот компатибилен телевизор.

Проследувајте музика преку технологијата Bluetooth®
Проследувајте ја сета ваша омилена музика

Впарете го HT-X8500 со паметен телефон или таблет-уред преку технологијата Bluetooth® за проследување омилени албуми и листи за репродукција.

Спецификации и функции

Овој 2.1-канален звучник во вид на лента со Dolby Atmos®/DTS:X®, два вградени сабвуфери и Vertical Sound Engine создава тродимензионален опкружувачки звук како во кино, а неговиот елегантен дизајн совршено се вклопува пред телевизорот.
  • 2.1 канали со Dolby Atmos/DTS:X и Vertical Sound Engine

  • Вградени сабвуфери за звук со длабок бас

  • Тенок дизајн со низок профил што го надополнува телевизорот

  • Копчиња за режими на звук за подобри филмови, музика, игри, вести и спорт

  • Компатибилност со 4K HDR

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина