Прескокни до содржина

HT-ST5000

Нова димензија на звукот

Откријте ново ниво на прекрасен кино звук во домот. Со Dolby Atmos ќе уживате во тродимензионален опкружувачки звук што ќе ве воодушеви.

Звук со висока резолуција

Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Уживајте во потполно задлабочување во звукот

S-Force PRO Front Surround технологија со 7.1.2-кан.

Нашиот виртуелен опкружувачки звук ги комбинира дигиталната обработка на сигнали и S-Force PRO Front Surround со технологијата за контрола на бранови за да симулира природно тридимензионално звучно поле само со звучникот во вид на лента и сабвуферот.

  • Приказ на системот од предна страна
  • Систем за гледање наназад
Dolby Atmos


Dolby Atmos

Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360° и прецизно го позиционира звукот во вашето опкружување за да може 7.1.2-каналниот звучник да ве обвитка во звук - дури и одозгора.

Квалитетни материјали, оптимален дизајн

Дизајнирани и произведени со висококвалитетни компоненти за беспрекорен звук.

  • Коаксијални звучници
  • Звучници со Dolby Atmos

Звук и слика со максимален квалитет

Гледајте и слушајте прецизни детали со репродукцијата на звук со висока резолуција и високиот динамички опсег кои создаваат моќни перформанси за филмови и музика.

Јасен приказ со висок динамички опсег

Сигналот со висок динамички опсег нуди исклучителни детали, бои и контраст, со многу поголем опсег на светлина од другите формати на видео.

HDR
ВИСОК ДИНАМИЧКИ ОПСЕГ
HDR2
СТАНДАРДЕН

Поврзете се

Надополнете го вашиот систем за домашно кино со 3x HDMI влезови компатибилни со HDCP 2.2, 1x HDMI ARC излез, оптички SPDIF, аналоген AUX и USB приклучок.

HDMI®

3 HDMI® приклучоци

Приклучете ја вашата опрема на едноставен начин со 3 HDMI влезови и 1 HDMI ARC излез.

USB

USB приклучок

Само поврзете го вашиот USB уред и уживајте во звук со висока резолуција.

Дигитален засилувач S-master HX

Дигитален засилувач S-master HX

Дигиталниот засилувач S-Master HX ги намалува изобличувањата за добивање прецизни резултати со високи фреквенции (над 40 kHz).

DSEE HX

Процесор за подобрување на дигитален звук HX

Технологијата за подобрување DSEE HX користи алгоритам за анализа на вашата музика и обновување на изгубените тонови, при што ги обновува аудио сигналите речиси до квалитетот со висока резолуција.

Clear Audio+

Clear Audio+

Од режим за игри до режим за филмови или музика - ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за да одговараат на содржините кои ги гледате или слушате.

Пристапете до вашата музика

Уживајте во едноставна и моментална репродукција на музика со NFC и Bluetooth® безжична технологија.

Висококвалитетно безжично проследување на звук

LDAC е технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на три пати повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.

NFC

Поврзување за момент

Воспоставете врска со еден допир преку NFC и веднаш започнете да проследувате музика од одредени паметни телефони, преку вашиот приемник.

Bluetooth®

Проследување преку Bluetooth®

Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку технологијата Bluetooth®. 

Безжични

Безжично проследување

Поврзете се на интернет преку вградениот Wi-Fi и веднаш добијте пристап до услуги за музика како Spotify и многу други преку Chromecast built-in и проследувајте музика од уреди на вашата домашна мрежа.

Почнете да слушате побрзо

Продолжете да ги слушате омилените песни без да чекате. Наменското копче за услуги за музика ќе ви овозможи да продолжите да слушате таму каде што сте прекинале на друг уред со Spotify .

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in

Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify

Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast содржини и радио преку повеќе од 100 аудио апликации, вклучувајќи го Google Play™ Music и многу повеќе.


Погледнете го во акција

  • Услуги за проследување
  • Квалитет на звукот
  • Батерија на паметен телефон
  • Флексибилно слушање

Звук кој останува со вас

Проследувајте музика безжично во повеќе простории во домот

Слушајте ја истата прекрасна песна низ целиот дом со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата SongPal. Користете ја апликацијата SongPal за да групирате одредени звучници во вид на лента и безжични звучници од Sony, а потоа проследувајте од омилената услуга за музика или од телевизорот преку HDMI, оптички или аналоген приклучок.

  • Проследувајте низ целиот дом
  • Проследувајте во различни простории
Спецификации и функции
ST-5000 се одликува со 7.2.1 канали и поддршка за Dolby Atmos и создава тродимензионален опкружувачки звук како во кино што го исполнува вашиот дом.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Dolby Atmos нуди тродимензионален опкружувачки звук

  • Подобрувањето со DSEE HX го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина