HT-S40R
Создавајќи реален звук како од кино во вашиот дом, HT-S40R нуди моќен и реален 5.1-кан. опкружувачки звук со моќ од 600 W и безжични задни звучници што внесуваат реалистичност во сите филмови.
HT-S40R
Создавајќи реален звук како од кино во вашиот дом, HT-S40R нуди моќен и реален 5.1-кан. опкружувачки звук со моќ од 600 W и безжични задни звучници што внесуваат реалистичност во сите филмови.
Комбинацијата од звучник во вид на лента, сабвуфер и безжични задни звучници создаваат динамички опкружувачки звук што ја исполнува вашата просторија и создава извонредно аудио доживување. А со излезната моќ од 600 W и Dolby Digital® ќе добиете моќен звук што ќе ве внесе во центарот на случувањата.
Вкупната излезна моќ од 600 W внесува реалистичност во сите филмски сцени.
Главниот звучник со три канали, задните звучници и сабвуферот создаваат моќен звук со целосен фреквентен опсег.
Уживајте во висококвалитетен опкружувачки звук преку посебни 5.1 канали за звук со Dolby® Digital.
Безжичниот засилувач ги напојува задните звучници, па затоа нема да има неред од кабли помеѓу предниот и задниот дел од вашата соба. Сабвуферот и звучникот во вид на лента имаат заеднички кабел за напојување, па затоа системот нуди звук како во кино без неред или сложено поврзување.
За да имате уште помалку кабли во дневната соба, проследувајте звук безжично кон вашиот систем за домашно кино од телевизор BRAVIA од Sony што поддржува безжично поврзување.
Не се само филмовите што звучат неверојатно, HT-S40R е создаден и за музика.
Користете Bluetooth® за безжично проследување музика од вашиот паметен телефон.
Репродуцирајте содржини од USB-мемориски уреди преку USB-приклучокот.
Одликувајќи се со тенок и компактен звучник во вид на лента, дискретен сабвуфер и безжични задни звучници, HT-S40R е дизајниран да одговара совршено на телевизорите BRAVIA и да ја разубави вашата дневна соба.
Прикажаниот телевизор има 55"
Благодарение на металната решетка со дупчиња и можноста за поставување на ѕид, овој звучник во вид на лента е одличен додаток за сите телевизори.
Компактните и моќни безжични задни звучници лесно се вклопуваат во вашата соба и може лесно да ги монтирате на ѕид.
Позиционирајте го безжичниот засилувач по ваша желба - на рамна површина како маса или закачете го на ѕид.
HT-S40R е речиси подготвен за користење штом го извадите од кутијата. Треба само да го приклучите на напојување, да го поврзете главниот звучник преку приклучоците во боја и да ги поврзете задните звучници преку безжичниот засилувач. Потоа може да седнете и да уживате во реален опкружувачки звук со 5.1 канали.
HDMI ARC (повратен аудио канал) ви овозможува да се поврзете со компатибилни телевизори користејќи само еден кабел, за да избегнете неред од кабли.
Телевизорот не е компатибилен со HDMI ARC? Оптичкиот влез нуди висококвалитетен звук за филмови и други содржини.
Ако нема HDMI ARC и оптички влез, тогаш поврзете го вашиот телевизор преку аналогниот влез.
Копче за секој звук - изберете го тоа што е соодветно за содржините што ги гледате или слушате. Изберете некој од режимите Auto Sound, Standard, Cinema или Music. Може да ги изберете и режимите Night и Voice во зависност од потребата и да ја контролирате јачината на звукот на сабвуферот за да го прилагодите доживувањето при гледањето.
Чувствувајте и слушајте ги сите случувања околу вас додека звукот минува зад вас и ве задлабочува во филмот.
Слушнете ја живописноста и убавината на вашата омилена музика со врвни детали.
Независно дали слушате утрински вести или финалето на сезоната, овој режим ќе ги прилагоди поставките за звук за да го нагласи говорот и да ги слушнете сите зборови.
Гледате филм навечер? Оваа функција ја оптимизира рамнотежата на звукот за да можете јасно да слушнете сè, дури и при мала јачина на звукот.