Уживајте во реален звук што ги исполнува просториите во домот. Високите задни звучници ќе ви овозможат да потонете во филмовите што ги сакате со реалистичен опкружувачки звук, а вкупната излезна моќност од 600 W создава динамичен звук како во кино.
Почувствувајте како ве опкружува акцијата со излезната моќност од 600 W која внесува енергија во филмовите, музиката и игрите.
Петте звучници и сабвуферот создаваат моќен звук со целосен фреквентен опсег.
Воспоставете Bluetooth® врска веднаш со компатибилни паметни телефони преку NFC со еден допир.
Добијте го најдоброто место за седење во домот. 3-каналниот звучник во вид на лента, сабвуферот и моќните високи задни звучници создаваат реален опкружувачки звук како во кино, ставајќи ве во центарот на сите ваши омилени филмови.
Внесете реалистичност во филмовите и музиката со динамичен опкружувачки звук со форматот DTS.
Уживајте во висококвалитетен опкружувачки звук преку посебни 5.1 канали за звук со Dolby® Digital.
Уживајте во висококвалитетен звук како во кино со двата звучници од 65 мм со целосен опсег со држачи за на под за совршено опкружувачко позиционирање.
Поврзување преку NFC и Bluetooth®
Уживајте во сите омилени песни безжично. Проследете ги преку вашиот паметен телефон и воспоставете врска со еден допир преку безжичната технологија Bluetooth® и NFC.
Подготвен за користење штом го извадите од кутијата. Треба само да го приклучите, да ги поврзете вашите звучници преку приклучоците во боја и да уживате во реалистичен опкружувачки звук со 5.1 канали. Сите кабли се приклучуваат во сабвуферот за да може просторијата да биде уредна и средена.
HDMI ARC (повратен аудио канал) ви овозможува да се поврзете со компатибилни телевизори користејќи само еден кабел за полесна контрола и помалку кабли.
Уживајте во висококвалитетен звук од филмовите и многу повеќе кога поврзувате уреди преку оптичкиот влез, ако користениот телевизор не е компатибилен со HDMI ARC.
Добијте пристап до повеќе музика преку мемориски уред. Контролирајте ја репродукцијата на екранот преку HDMI или преку вашиот телефон со апликацијата Sony | Music Center.