HT-NT3

Тенок стил. Сериозен звук.

Без разлика дали е поставен на ѕид или на рамна површина, прекрасниот HT-NT3 нуди комбинација од стилски и извонреден дизајн со звук со висока резолуција, за прекрасно доживување при слушањето.

Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Слушајте реалистична музичка сцена

S-Force PRO Front Surround Sound

Технологијата за прекрасен опкружувачки звук симулира природни тродимензионални звучни полиња за да уживате во богат и реалистичен звук низ широка област за слушање.

Погледнете го видео записот

Погледнете го одблиску HT-NT3 и откријте како функционира 2.1-каналниот опкружувачки звук во овој извонредно тенок звучник во вид на лента.

Dolby® TrueHD
Dolby® TrueHD

Уживајте во јасен и реалистичен звук со форматот за компресија без загуби Dolby® TrueHD.

DTS-HD™
DTS-HD™

Внесете реалистичност во филмовите и музиката со динамичен опкружувачки звук благодарение на форматот DTS-HD.

Поврзете се

Лесно е да го проширите вашето домашно кино. Со 3 HDMI влезови, 1 HDMI ARC излез, USB влез и оптички дигитални и аналогни приклучоци, има место за целата ваша опрема.

Проследување на 4K

Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот - функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ звучникот во вид на лента без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP2.2.

Проследување на 4K
Што е звук со висока резолуција?

Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.

Што е звук со висока резолуција?
44,1KHZ / 16 БИТА [CD]
Што е звук со висока резолуција?
96KHZ / 24 БИТА [ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА]
S-Master HX
Дигитален засилувач S-master HX

Нашиот засилувач S-Master HX е дигитален и ги елиминира аналогните компоненти за намалување на нивоата на шум во повратната фаза, за да овозможи беспрекорна јасност.

DSEE HX
Процесор за подобрување дигитален звук

Дури и музиката од услугите за проследување од интернет може да се подобри со помош на DSEE HX™ за да се добие богат звук со квалитет поблизок до оној на звукот со висока резолуција.

ClearAudio+
ClearAudio+

Од режим за игри до режим за филмови или музика - ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за да одговараат на содржините кои ги гледате или слушате.

Создадени за исклучителен звук

Од конструкцијата на звучниците до прецизните технологии за звук, секој елемент на HT-NT3 е создаден да го понуди најдобриот можен квалитет на звук.

Поврзете се со вашата музика

Проследувањето на вашата омилена музика со детали и јасност каква што заслужува е едноставно, благодарение на комбинацијата на безжични технологии и висококвалитетни аудио кодеци.

Висококвалитетно безжично проследување на звук

Издигнете го проследувањето музика на ново ниво. Создаден од Sony, LDAC кодекот поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®. Со ефикасното кодирање во комбинација со стапката на семплирање од 96kHz, LDAC доловува повеќе детали за слушање со квалитет кој го надминува CD квалитетот.

Безжично лично слушање

Уживајте во безжичен звук без да им пречите на другите

Проследувајте музика од звучникот во вид на лента до кој било безжичен уред со Bluetooth®, вклучувајќи ги и најновите слушалки за звук со висока резолуција компатибилни со LDAC.

Лично безжично слушање
NFC
Поврзување за момент

Извршете брзо поврзување меѓу одредени паметни телефони и звучникот во вид на лента со помош на NFC со еден допир.

Bluetooth®
Проследување преку Bluetooth®

Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку Bluetooth®.

Звучник во вид на лента со Wi-Fi®
Безжично проследување

Поврзете се на интернет со вградениот Wi-Fi® за да проследувате звук од вашиот лаптоп или мобилен уред.

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in
Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify
Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.

Обединете ја вашата музика

Едноставна контрола на проследувањето со новата апликација SongPal

SongPal нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Инсталирајте ја апликацијата SongPal на одредени паметни телефони и преземете ја контролата врз репродукција на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Апликација SongPal
Слушајте музика во друга просторија

Овозможете ѝ на истата прекрасна песна да ве следи во домот со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата SongPal. Користете SongPal Link за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од различни услуги за музика, паметен телефон, компјутер или вашата DLNA мрежа во повеќе простории од вашиот дом.

Подобрете ја целата забава

Без разлика дали го гледате омилениот филм, ја играте најновата игра или слушате класичен албум, HT-NT3 го подобрува звукот за врвно забавно доживување.

Спецификации и функции

Без разлика дали е поставен на ѕид или на рамна површина, прекрасниот HT-NT3 нуди комбинација од стилски и извонреден дизајн со звук со висока резолуција, за прекрасно доживување при слушањето. Со длабочина од само 6,5 см (1,95”), овој елегантен звучник во вид на лента користи технологија на виртуелен опкружувачки звук за да обезбеди прекрасно филмско или музичко доживување со дискретен дизајн.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Подобрувањето со DSEE HX го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+

Излезна моќност (вкупна)
400W
Канали на засилувач
2.1кан.
Влезни и излезни приклучоци
Bluetooth® пренос, Bluetooth® прием, USB-A, Аналоген аудио влез (вкл. TV CEC), Етернет
ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д) 
107 x 8,6 x 6,5 см
ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д) 
19 x 38,2 x 38,5 см
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина